Регион
Српски медиуми: Инцидентот од натпреварот би можел да има пошироки последици
Скандалот на натпреварот меѓу Србија и Албанија би можел да има пошироко последици од фудбалските, а едно од прашањето сега е што ќе се случи со посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград, пишуваат српските медиуми.
Посетата на Рама на Белград е закажана за 22-ри октомври, а тој би требало да биде првиот албански премиер кој ќе ја посети Србија во последните 70 години.
Сепак, по информациите дека неговиот роден брат Олси Рама бил притворен на стадионот на српскиот фудбалски клуб Партизан поради сомневање дека бил одговорен за провокацијата и инцидентот на мечот, приштинска Gazeta Exspress пишува дека „можно е посетата да не се случи“.
Според информациите на Б92, Олси Рама заедно со уште неколку лица бил задржан во ВИП ложата на стадионот на Партизан, но потоа бил ослободен да се врати во Тирана. Според неколку албански медиуми, станало збор за „забуна“ и Рама бил ослободен по „40-минутни преговори“, а по пристигнувањето во Тирана отфрлил вмешаност во инцидентот.
Останува непознато што се случувало за време на тие 40 минути на стадионот на Партизан, но се верува дека Рама на српската полиција и’ го покажал својот американски пасош, а според албанските медиуи, тој не бил единствениот кој поседувал американски пасош, туку дека полицијата „ги проверувала документите на уште три лица“.
Од албанската амбасада во Белград во средата не сакале да ги коментираат синоќешните случувања, а на агенцијата Бета и’ било реченено дека амбасадата на Албанија „нема коментар“ околу случувањата на натпреварот кој беше прекинат во 42-та минута.
Од српските власти досега се огласија шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, како и министрите Вања Удовичиќ и Александар Вулин, а од нивните реакции е јасно дека официјален Белград целиот настан го гледа во многу поширок контекст од фудбалскиот и дека прашањето е веднаш префрлено на политички терен, во однос на односите меѓу Србија и Албанија, но и односите меѓу Србија, Русија и Западот.
„Во овој инцидент особено е спорен фактот што тоа беше направено од братот на премиерот на Албанија, кој тука треба да биде гостин. Ова става политичка димензија на цело случување и ова е политичка провокација“, изјавил Дачиќ.
УЕФА го забрани гостувањето на албанските навивачи во Србија, но според неофицијалните информации на Б92, група лица со албански обележја сепак влегле во земјата, а потоа и на стадионот, по интервенција на дипломатските кругови.
Неофицијално, се работело за интервенција од албанската амбасада, но некои белградски медиуми во денешните извештаи навеле дека се работело и за интервенција на други дипломати, а некои како виновник го посочиле и шефот на мисијата на ЕУ во Белград, Мајкл Девенпорт.
Истовремено, преку својот твитер профил се огласил и Девенпорт, кој ваквите наводи ги оценил како измислици.
„Нема поента да коментирам измислици. Влада синоќа ги објасни своите постапки околу албанските навивачи. Не сум инсистирал на ништо. Го осудувам насилството и политичките провокации кои се случија на стадионот. Сега е на владата овде и на онаа во Тирана да покажат храброст и одговорност и таквите акции да не придонесат за скршнување од европскиот пат“, напишал Девенпорт.
Политичките провокации на вчерашниот натпревар беа осудени и од шефот на шведската дипломатија Карл Билт, кои ги оцени како „неодговорни“.
„Се надевам дека премиерите на двете држави ќе ја увидат потребата за унапредување на билатералните односи“, рекол Билт.
Фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија се играше во рамките на квалификациите за Европското првенство 2016 година, а истиот беше прекинат по провокациите од албанските навивачи, кои на беспилотно летало поставија знаме со картата на т.н. „Голема Албанија“, по што изби општ неред на стадионот и тепачка на теренот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

