Контакт

Региони

Жерновски на средба со граѓани во Пролет

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски со своите соработници во неделата беше на средба со жителите на населба Пролет.

dobivaj vesti na viber

 

Ги ислуша нивните проблеми и предлози кои треба да бидат вградени во буџетот на општината за 2015 година. Ова е најстара населба во Скопје, но жителите велат дека за првпат беше исчистена, уредена, зазеленета и доби нов лик.

 

Седум илјади квадратни метри исушени тревници и коров се отстранети, засадена е нова трева, отстранети се старите гранки кои беа потенцијљлна опасност. Населбата Пролет сега ја красат 16 видови садници, главно повеќе зимзелени грмушки, 14 јавори и 2 магнолии или вкупно 779 нови садници.

 

Имплементирано е залагањето на општина Центар, полевањето да биде со техничка вода од бунар. Нови клупи и канти за ѓубре исто така се дел од новата урбана опрема.

Жителите се интересираа за судбината на нивните фасади, прашаа дали залудно земаа кредити за инвестирање во поправка за да можат да добијат енергетско ефикасни фасади.

 

Градоначалникот Жерновски им појасни дека овие две згради во населбата Пролет се влезени во програмата, но поради неодамна изгласаните измени во Законот за градење од страна на Собранието на РМ, ќе треба да се решат преку друга програма и со одобрение од страна на Советот на општина Центар.

 

„Има и волја и средства и оние згради за кои што се склучени договори ќе бидат завршени. Досега 7 згради добија енергетско ефикасни фасади, со задржување на постојниот изглед. Сметките за струја на граѓаните се пониски за 30 проценти“, рече Жерновски.

 

ДУП-овите ќе се менуваат во сите делови на општината и ги повика жителите да дојдат во општина и да ги изнесат своите барања. Со ДУП-от од претходната власт, предвидено е изградба на Театар на турската националност во близина на една од зградите во населбата Пролет.

 

Жерновски појасни дека се согласува дека некој од ДУП-овите се неумесно направени и мора да се направи ревизија, но она што е зацртано мора да се реализира. Ќе се интервенира на укажување на граѓаните на уличното осветлување, ќе се бараат решенија за проблемите во паркирањето и проблемите со оџаците./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет52 минути

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет55 минути

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет57 минути

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија14 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија18 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ18 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија19 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија20 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија20 часа

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет21 час

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија21 час

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија22 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија23 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија23 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион23 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ1 ден

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа1 ден

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет2 дена

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...