Црна хроника
Запленети над 85 килограми марихуана

Полицијата заплени над 85 килограми марихуана на магистралниот пат Охрид – Скопје, а по куса потрага и бркотници приведен е и шверцувачот на дрогата, соопшти МВР.
Синоќа околу 1 часот полицајци во близина на превојот Пресека се обиделе да го прегледаат автомобилот „Ауди А4“ со охриски регистерски таблици.
Но возачот на автомобилот не застанал и со голема брзина почнал да вози кон Охрид. Но поради големата брзина, кај селото Ботун, автомобилот излетал од патот, а возачот почнал да бега. По кратка бркотница, полицајците го уапсиле.
Триесет и четиригпдишниот стружанец кој бил уапсен, во вторникот набавил марихуана и требало да ја пренесе до Скопје за 1.070 евра.
Но дрогата која била ставена во бела вреќа во која имала седум пакувања облепени со кафен селотејп била најдена на предното совозачко седиште, а остатокот бил најден на задните седишта и во багажникот.
Марихуаната со висок квалитет е со вкупна тежина од 85,870 кг која што на европскиот нарко пазар при продажба на големо би достигнала цена од околу 250.000 евра додека на мало на улиците во европските градови може да се продаде и за 1.000 000 евра./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

АМСМ информира за прекин на сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка поради сообраќајна несреќа.
Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај ресторан „Фемили“ од 13:00 часот е во прекин, соопштија надлежните.
Црна хроника
Загина 74-годишен маж: со возилото излетал од патот во Кичевско

Вчера во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот.
Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.