Контакт

Европа

Русија трајно воведе зимско сметање на времето

Објавено пред

Русија ноќта кон неделата ги помрдна стрелките на часовникот наназад и трајно го воведен зимското сметање на времето, и истовремено одлучи да го зголеми бројот на временски зони од 9 на 11 на својата пространа територија којашто се протега од Пацификот до границите на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Последните три години во Русија се експериментираше така што постојано важеше летното сметање на времето, но тоа се покажа како непопуларна мерка за многу Руси коишто негодуваа затоа што во зима мораа да стануваат еден час порано.Поранешниот Советски сојуз воведе во 1981 година летно сметање на времето, а во 2011 година тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев го намали бројот на временските зони на девет и одлучи летното сметање на времето да важи преку целата година. Така Русите ги поместија стрелките на часовникот за еден час нанапред, но во зима не ги враќаа. Поместувањето на стрелките двапати годишно на луѓето им го пореметува биоритамот и го вознемирува животните, на пример кравите, ја појасни Медведев тогаш својата одлука.Меѓутоа, во текот на зимата многу Руси кои живеат на северот од земјата се жалеа на животот во темница, бидејќи колку се поблиску до арктичкиот круг, толку е помал бројот часови со дневна светлина.На прес-конференцијата во Москва, претставниците на Руската академија на науките оценија дека Европа нема да ѝ биде поблиска на Русија доколку таа разлика во времето меѓу Москва и ГМТ (средното време по Гринич – Greenwich Mean Time) е само три часа.Заменикот директор на Географскиот институт, Аркадиј Тшиков, е убеден дека последната промена е донесена по настојувањата на огласувачите, бидејќи, како што тој верува, поради трајното зимско сметање на времето, луѓето повеќе навечер ќе гледаат телевизија.Кора црноморскиот полуостров Крим во март годинава се присоедини кон Руската Федерација, мина на московското сметање на времето, а тоа значеше ГМТ +4./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Објавено пред

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.

dobivaj vesti na viber

Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.

Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.

Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.

Прикажи повеќе...

Европа

Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Објавено пред

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.

Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.

Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.

Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.

dobivaj vesti na viber

„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.

Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.

„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.

Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Позитивна средба меѓу Трамп, Зеленски, Макрон и Стармер – Доналд си заминал од Рим

На маргините од испраќањето на папата Франциск во Рим, претседателите на САД, Доналд Трамп, Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон...

Македонија2 часа

Вреди: Корупциските досиеја на ДУИ им експлодираат едно по едно

Човекот кој со години го меркаше тронот на Али Ахмети, денес се однесува како да е „паднат од Марс“, а...

Свет3 часа

(Фото+Видео) Папата погребан со едноставна церемонија во „Санта Марија Маџоре“

Поворката со ковчегот на папата Франциск пристигна во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што поглаварот на Католичката црква...

Македонија3 часа

СДСМ бара оставка од Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ им враќа со скандалозни факти

По вооружената пресметка кај Бит Пазар во која животот го загуби 31-годишен маж, СДСМ обвини за распад на безбедносниот систем...

Скопје4 часа

Обвинителството собира докази и видео-снимки за расчистување на убиството кај Бит-пазар

По вчерашната вооружена престрелка во близина на Полициската станица во Бит Пазар, во која животот го загуби 31-годишниот А.С. од...

Свет7 часа

(ВО ЖИВО) Започна погребната миса за папата Франциск, емоции и солзи на плоштадот Свети Петар

На плоштадот Свети Петар во Ватикан, утрово точно во 10 часот по локално време, започна погребната церемонија за папата Франциск,...

Македонија7 часа

Муцунски: Дипломатскиот пасош не ѝ дава имунитет на претседателката на ДКСК

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во...

Свет8 часа

(ВО ЖИВО) Светот се збогува со верскиот лидер, денеска е погребот на папата Франциск

Папата Франциск, кој почина во понеделникот наутро на 88-годишна возраст, денеска ќе биде погребан во Рим. Погребната церемонија се очекува...

Македонија9 часа

Пороен дожд, грмежи и град ќе го погодат Скопје и повеќе градови

Денеска нѐ очекува променливо и нестабилно време со сериозни услови за локално невреме, предупредуваат метеоролозите. Според најавите, во текот на...

Европа21 час

Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните...

Македонија21 час

„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и...

Европа21 час

(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот...

Топ22 часа

31-годишен скопјанец почина по пукање на Бит Пазар

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар. „Во врска со пукањето на Бит...

Македонија1 ден

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија...

Македонија1 ден

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се...

Економија1 ден

Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар, порача Пешевски

Според потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија за приватниот сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател...

Македонија1 ден

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија, која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот откога Кривичниот суд го прифати предлогот за определување мерки за...

Македонија1 ден

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и за туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно...

Македонија1 ден

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...