Европа
Исландскиот парламент го отфрли гласањето недоверба за новата влада

Исландскиот парламент во петокот вечерта очекувано го отфрли изгласувањето недоверба што го бараше опозицијата за новата влада, а мнозинскиот десен центар и натаму ја поддржува владата и покрај ткн афера Panama Papers, која ја поттикна оставката на премиерот.
Ниеден глас не му недостигаше на мнозинството и гласањето за недоверба е отфрлено со 38 гласови „против“ наспроти 25 „за“ на крајот од вториот ден од парламентарната седница.
Зигмундур Давид Гунлаугсон, премиер од 2013 година, беше првиот политички челник и државник во светот кој стана жртва на скандалот Panama Papers во кој се откри дека имал половина сопственост од компанија која управувала со богатството на неговата сопруга на Британските девствени острови, кои важат за една од ткн даночни оази, каде големите компании, политичарите и славните личности ги кријат своите богатства, перат пари и ги одбегнуваат даноците.
Гунлаугсон му го отстапи своето место на Зигурдур Инге Јохансон, кој во четвртокот ја презема должноста. Јохансон, кој рече дека е природно опозицијата да бара заминување на владата којашто не ѝ одговара, го критикуваше гласањето за недоверба кое во понеделникот го бараше неговиот претходник пред оставката.
И во наредните денови беа објавувани нови откритија за исландската елита во врска со споменатите документи. Според еден документ, кој го објави шведската телевизија SVT, околу 600 Исланѓани се наведени во Panama Papers.
Второто гласање недоверба, со кое се повикува на моментално распуштање на парламентот и организирање избори во мај или во јуни, исто така, беше одбиено со 37 наспроти 26 гласови./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Меѓу загинатите од нападот на Русија врз Украина е и петгодишно дете

Русија ноќта ја нападна Украина со 147 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Беа нападнати неколку украински региони, а украинските сили за воздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала.
Во напад со беспилотните летала на руските сили врз Киев во текот на ноќта загинаа три лица, меѓу кои и едно петгодишно дете, а десет беа повредени, објави градската воена управа на Киев во објава на Телеграм.
Уште 25 дронови не стигнаа до своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.
Европа
(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.
For over three years now, almost throughout this entire war, our Coordination Headquarters has been working—all the services that bring prisoners home. We have already successfully brought back more than four thousand people—4306. And we will bring them all back.
Now, when… pic.twitter.com/qUEw3oEcWJ
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 21, 2025
„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.
Европа
Киев ги отфрли руските обвинувања за воени злосторства во Курск

Украина ги отфрли обвинувањата на Москва дека нејзините сили извршиле воени злосторства во руската област Курск, нарекувајќи ги „целосно неосновани“.
„Руските обвинувања за злосторства и насилство наводно извршени од Украина во регионот Курск се целосно неосновани“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхиј Тихи. „Украина секогаш се придржувала до меѓународното хуманитарно право, особено во однос на хуманиот третман на цивилите во конфликтните зони и не ги прекршила овие принципи“, додаде Тихи.
Тихи рече дека Москва „фабрикува докази“ за да може лажно да го обвини Киев, пренесува „Украинска правда“.
„Сето тоа е лага. Повеќето од локалното население и имотот во регионот Курск беа погодени токму од руските бомбардирања, вклучително и целните напади“, додаде тој.