Европа
Белгија го уапси Абрини, проверува дали тој е „мажот со шапката“
Белгиското обвинителство го потврди во петокот навечер апсењето на пет лица, меѓу кои и Мохамед Абрини по кој се трага од терористичките напади во Париз од ланскиот 13-ти ноември, но сé уште нема официјална потврда дали тој е таканаречениот „мажот со шапка“ од снимките на надзорните камери на меѓународниот бриселски аеродром Завентем непосредно пред терористичките напади од 22-ри март.
Мохамед Абрини, 31-годишен белгиски државјанин од мароканско потекло, е осомничен дека учествувал и во париските и во бриселските терористички напади. Неговите отпечатоци од прсти и ДНК се најдени во стан во бриселскиот кварт Шарбек, од кој терористите со такси возило тргнале кон аеродромот Завенетем на 22-ри март.
Полицијата има сознанија дека Абрини е виден во друштво на браќата Салах и Ибрахим Абдеслам неколку дена пред ланските напади во Париз. Тој наводно ги возел од Брисел во Париз и им помогнал да најдат стан во француската престолнина, каде што го подготвувале нападот.
Претходно веќе како бомбашите самоубијци во бриселскиот аеродром се идентификувани Ибрахим Ел Бакрави и Наџим Лахрави, дека е третиот маж со очила и шапка, кој се гледа на снимките од надзорните камери, побегнал пред нападот оставајќи ја количката за багаж на која била торба со експлозив. Таа направа не е експлодирала во време на нападот, туку е активирана контролирана од полицијата.
Веднаш по апсењето на Абрини во медиумите започнаа тврдењата дека тој „најверојатно“ мажот со шапката од аеродромот Завенетем. Белгиското обвинение соопшти дека тоа уште не може да се потврди и дека во тек се проверки.
Меѓутоа, порталот politico.eu, повикувајќи се на еден белгиски функционер изјави дека мажот со шапката е висок околу 190 сантиметри, додека Абрини е висок 175 сантиметри.
Освен Абрини, уапсен е и Осама Крејем, кој е осомничен дека е второто лице кое било во подземната железница Малбек непосредно пред нападот. Тоа лице е снимено во друштво на бомбашот Калид Ел Бакрави непосредно пред нападите на станицата Малбек. Обвинителство, исто така, потврди дека тоа лице во трговскиот центар City2 во центарот на Брисел ги купило торбите во кои терористите го имале експлозивот од 22-ри март на терминалот на бриселскиот аеродром.
Осама Крејем го користел лажното име Наим Ал Хамед. Грчките власти земале отпечатоци на лице под тоа име во септември минатата година на островот Лерос, од каде заминал натаму кон север. Обвинителството потврди дека по него во центар за прифаќање бегалци и имигранти германскиот град Улм на 3-ти октомври минатата година со автомобил дошол Салах Абделсам и го донел до Брисел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.