Контакт

Европа

Камерон ги нарече Британците во IS непријатели на татковината

Објавено пред

Британскиот премиер Дејвид Кемрон го осуди во средата секој кој размислува да отпатува во Сирија или Ирак за да се бори во редовите на џихадистичката Исламска држава, изјавувајќи дека спрема нив властите ќе се однесуваат како кон непријатели на Велика Британија.
 

dobivaj vesti na viber

Британскиот премиер Дејвид Кемрон го осуди во средата секој кој размислува да отпатува во Сирија или Ирак за да се бори во редовите на џихадистичката Исламска држава, изјавувајќи дека спрема нив властите ќе се однесуваат како кон непријатели на Велика Британија.

 

Во Велика Британија неколку седмици наназад е зголемена будноста на безбедносните служби поради терористичките закони, а владата во Лондон соопшти дека милитантите од Исламската држава кои се борат за територии во Сирија и во Ирак претставуваа сериозен безбедносен ризик за земјата.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави во средата на конгресот на неговата Конзервативна партија во Бирмингем дека ќе стори сé што е возможно за да ги спречи британските државјани да патуваат во Ирак и во Сирија за да се борат на страна на исламистичките радикални групи и исто така, дека ќе биде спречено нивното враќање во земјата.

„Доколку се обидете да патувате во Сирија или Ирак ние ќе искористиме сé што имаме на располагање за да ве спречиме – ќе ви ги одземеме пасошите, судски ќе ве гониме, осудиме и затвор,е, а доколку сте веќе таму можеме да ве спречиме да се вратите“, порача Камерон.

„Вие покажавте колку сте верни, вие сте непријатели на Обединетото Кралство и треба да очекувате дека кон вас така и ќе се однесуваме“, истакна британскиот премиер.

Британската влада претходно соопшти дека најмалку 500 нејзини државјани во моментот се инволвирани во судирот, покрај 250 лица кои веќе се вратиле во земјата од сириското и ирачкото боиште./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Европа

Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.

dobivaj vesti na viber

Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.

„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.

Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.

Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Објавено пред

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски објекти низ Русија, објавија руските канали на Телеграм, а напиша и „Киев Индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Украинската војска сè уште не го коментирала нападот, а „Киев Индепендент“ не можел независно да ги потврди обвинувањата.

Напад врз клучна рафинерија
Локалните жители пријавиле штета и објавиле фотографии и видеа на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи воздушна одбрана во акција.

Иако пожарот не бил веднаш забележан, на ноќното небо биле видени моќни блесоци во правец на рафинеријата. Рафинеријата, управувана од Лукоил, се наоѓа на околу 450 километри од линијата на фронтот и игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската војска.

Фабриката и претходно беше цел на украински напади, принудувајќи ја да го запре производството барем еднаш.

Загинати цивили, оштетени куќи
Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, објави дека во нападот се оштетени една станбена зграда и неколку куќи, како и дека едно лице е убиено.

„Цивил, 48-годишен маж, починал од шрапнели од гранатирање“, објави тој на Телеграм. Бочаров, исто така, потврди дека избувнал пожар во индустриска зона во Красноармејскиот округ во Волгоградската област.

Во исто време, експлозии одекнаа и во термоцентралата во Волгореченск во регионот Кострома, која се наоѓа на околу 740 километри од украинската граница и североисточно од Москва.

Во окупираниот Крим, беше погодено складиште за нафта во градот Битумне во близина на Симферопол, објави каналот на Телеграм „Кримски ветер“.

Прикажи повеќе...

Европа

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Објавено пред

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и предизвикаа сериозни безбедносни загрижености.

dobivaj vesti na viber

Летовите на најпрометниот белгиски аеродром во Брисел, беа прекинати со часови во вторник вечерта, а дронови беа забележани и над неколку воени бази, што доведе до откажување на десетици летови и доцнење на стотици патници, објавува „Гардијан“.

Суспензијата на дојдовните и појдовните летови во вторник вечерта резултираше со 95 откажувања на аеродромот во Брисел, а портпаролот потврди дека помеѓу 400 и 500 луѓе ја поминале ноќта на терминалите.

Патниците беа предупредени за можни доцнења во среда бидејќи многу авиони беа заглавени на погрешни локации. Воздушниот простор беше затворен и над аеродромот во Лиеж, голем европски товарен центар, што предизвика дополнителни откажувања и пренасочувања.

Во исто време, градоначалникот на фламанскиот град Дист објави дека полицијата и војниците забележале четири дрона во близина на воената воздухопловна база Шафен. Инцидентите се случија откако белгиските власти веќе започнаа истрага за видувања на дронови над неколку воени бази во текот на викендот, вклучувајќи го и Клајне-Брогел, дом на белгиски борбени авиони Ф-16 и за кој се верува дека складира американско нуклеарно оружје.

Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, изјави пред парламентарната комисија дека инцидентите се чини дека се координирани со цел да се предизвикаат нарушувања.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија24 минути

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија41 минута

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на Локалните избори 2025 година за...

Македонија1 час

Кожуф добива нова зимска атракција – патека долга 1.200 метри

Во ски-центарот „Михајлово“ се гради нова скијачка патека долга 1.200 метри, на надморска височина од 1.400 метри, заедно со нов...

Македонија3 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион4 часа

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија4 часа

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа5 часа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет5 часа

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа6 часа

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет6 часа

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет7 часа

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа7 часа

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет7 часа

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија23 часа

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ23 часа

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија1 ден

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион1 ден

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион1 ден

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...