Европа
Баросо го предупредува Путин за кршење на договорот со Украина
Претседателот на заминување на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, изразил во средата во писмото до рускиот претседател Владимир Путин загриженост поради воведувањето на трговските бариери меѓу Русија и Украина, што според него е спротивно на договорот врз чија основа Европската унија се согласила на одложување на примената на Спогодбата за придружување со Украина, информираше во средата на брифингот во Брисел портпаролката на ЕК, Пиа Аренкилде Хансен.
Европската унија, Русија и Украина се согласија на 12-ти септември да ја одложат примената на спогодбата за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина до 31.12.2015 година, со тоа што Украина ќе продолжи да има привилегиран пристап до пазарите во ЕУ до тој датум и истовремено ќе го задржи постојниот трговски режим со Русија.
Првично беше предвидено спогодбата за слободна трговија како дел од спогодбата за придружување да почне да се применува од 1-ви ноември. Меѓутоа, Русија се закани дека ќе воведе царина на увоз на украинските стоки доколку Киев продолжи со планираниот трговски договор од 1-ви ноември, поради негативните последици по руската економија.
„Сериозно сме загрижени откако руската влада неодамна усвои указ во кој се предлагаат нови бариери во трговијата меѓу Русија и Украина. Сметаме дека применета на тој указ е противречна на заедничкиот договор за одлуката за привремено одложување на трговскиот дел од спогодбата за придружување“, се наведува во писмото на Баросо до Путн.
Баросо, исто така, ги отфрла барањата на Москва за промена на некои одредби од договорот за придружување меѓу Украина и ЕУ.
„Би сакал да ја искористам оваа можност и да нагласам дека спогодбата за придружување е билатерален договор, и во согласност со меѓународното право, какви и да се промени во него можат да се спроведат на барање на една од страните и во согласност со другата, согласно механизмите предвидени во текстот“, вели Баросо.
Баросо го потсетува во дописот Путин дека договорот на состанокот на 12-ти септември меѓу ЕУ, Русија и Украина е дел од сеопфатниот мировен процес во Украина, кој предвидува почитување на територијалниот интегритет на земјата и нејзиното право самата да одлучи својата судбина.
Челникот на ЕК ја изразува и подготвеноста на ЕУ да ги продолжи тристраните консултации за имплементацијата на Спогодбата за придружување на Украина и ЕУ, кој може да доведе до заемно договорени измени. „Ние сме подготвени да продолжиме да ги разгледуваме, таканаречените негативни последици по руската економија од имплементацијата на договорот за длабоката и сеопфатна зона на слободна трговија меѓу Украина и ЕУ (која е дел од Спогодбата за придружување), додава во писмото Баросо.
Баросо го опфаќа и прашањето на проблемот со гасот меѓу Москва и Киев. „Очекуваме дека трипартитните разговори за гасот можат да направат брз и решителен напредок по заемноприфатливо решение пред претстојната зима“. Според него, „клучно е обезбедувањето на обновување на доставувањето на енергија на населението во Украина и исполнување на сите договорени обврски кон корисниците во ЕУ“.
Во дописот Баросо ветува и дека ЕУ „ќе продолжи да придонесува во спроведувањето на мировниот план“ во Украина.
Советот на ЕУ усвои резолуција во понеделникот за одложување на примената на Спогодбата за придружување со ЕУ за „длабока и сеопфатна зона на слободна трговија“ до 31-ви декември 2015 година. Советот на ЕУ и Европската комисија ја потенцираше важноста на строга согласност од страна на сите страни во одлуката на придржување на нивните обврски“. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.