Црна хроника
Украдени пушки, ракија и вино од локал во село Лисец

Две ловечки пушки, пили, бурмашини и неколку пакети вино и ракија биле украдени од угостителски објект во село Лисец, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во среда, во точно неутврдено време, во локалот „Шари“, што се наоѓа на патот за Попова Шапка, во сопственост на М.Х. (44) од Тетово.
Арамијата влегол во објектот преку незаклучената врата од шупата и украл ловечка пушка „Мозберг“ сопственост на М.Х., која ја поседува со одобрение, ловечка пушка сопственост на негов пријател кој е на привремена работа во странство, три моторни пили, две бурмашини, хилта, неколку пакети вино и ракија, со што причинил материјална штета од околу 120.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.