Црна хроника
Потрага по исчезната жена во Скопје

Постара жена на возраст од 70 години, со низок раст, кратка црна коса и отежнато одење се води како исчезната од 27 ноември.
Жената се загубила додека чекала автобус број 24 на автобуската станица кај поликлиника „Букурешт“ на булеварот „Партизански одреди“ од страната на трговскиот центар „Лептокарија“.
Подоцна истиот ден била видена во близина на градскиот плоштад како се движи кон напуштениот „Мекдоналдс“ ресторан.
Два дена подоцна била забележана во градскиот автобус број 2 во правец кон Сарај.
Во моментот на исчезнувањето жената била облечена во сив краток капут, црни пантолони со бели риги, кафеави кратки чизми и сива капа. Жената боледува од Доенција и Алцхајмерова болест.
Граѓаните кои имаат некаква информација а оваа жена сите информации да ги проследат на моб. 078 32 61 61./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.