Топ
Притвор за осомничениот за убиството во Ново Лисиче
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело убиство
Како што се наведува од обвинителството, осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, убил едно лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата Февруарски поход во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде што подоцна починал.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данците започнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа околу 200.000 потписи
Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е покрената петиција оваа европска земја да ја купи Калифорнија од САД. Сатиричната петиција досега ја потпишале повеќе од 200.000 Данци, а целата приказна е поткрепена со зборовите дека на Данска и се потребни „сонце, палми и ролери“.
„Имаме можност што се случува еднаш во животот и сакаме да го оствариме тој сон. Ќе донесеме велосипедски патеки, владеење на правото, универзална здравствена заштита и политика заснована на докази во Холивуд“, се наведува во петицијата.
По пристигнувањето во Белата куќа, новостариот американски претседател Трамп, покрај купувањето на Гренланд, сакаше Канада да стане 51-та американска држава, неговата земја да стане сопственик на Панамскиот канал, побара американска сопственост на Газа, а Мексиканскиот залив го преименува во Американскиот залив. Американскиот „Гугл Мапс“ веќе ја направи таа промена.
Медиумите претходно објавија за жесток телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Мете Фредериксен, премиерката на Данска, на тема Гренланд, а Фредериксен повеќе пати повторуваше пред и потоа дека Гренланд не е на продажба и дека, од перспектива на данската влада, припаѓа на луѓето кои живеат на Гренланд.
Европа
(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“
Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти.
„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, изјави Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека најмалку едно лице загинало, а неколку пожари избувнале во станбени и нестанбени згради.
UPDATE: Additional documentation showing residential buildings in Kyiv, Ukraine on fire following a ballistic missile attack by Russia. https://t.co/WvKd5OoJAa pic.twitter.com/hfvlV0xkKK
— Hexdline (@HexdlineNews) February 12, 2025
Неколку лица се повредени, меѓу кои и едно деветгодишно девојче во областа Оболон, откако ракета погоди деловна зграда, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина. Двајца од повредените завршиле во болница, но не се знае тежината на повредите.
Предупредувањето за воздушен напад се појави дури на почетокот на нападот, што сугерира дека украинската одбрана не можела навреме да го открие нападот со радар. Сè уште не е официјално познато какви проектили употребила руската војска во оваа прилика. Прелиминарните извештаи покажуваат дека четири балистички ракети Искандер биле истрелани кон главниот град, пишува Киев Индипендент.
Massive russian missile attacks on Kyiv.
And a few hours earlier, Trump said: "russia has treated the Americans very well and this could be the beginning of the process of ending the russian Federation's war against Ukraine."
But russia is not a country that can be trusted and… pic.twitter.com/tUrqIgkk8l
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) February 12, 2025
Новинарите на Ројтерс известија за бројни експлозии кои звучеле како украинска противвоздушна одбрана.
Голем пожар зафатил магацин од 600 метри квадратни во областа Холосивски, додека пожар избил на покривот на станбена зграда во областа Соломијански, пишува Киев Индипендент.
Експлозиите биле пријавени околу 4:30 часот по локално време. Украинските воздухопловни сили непосредно пред тоа предупредиле на заканата од руски ракетни напади насочени кон различни региони на земјата. Воздушните тревоги беа укинати околу еден час подоцна, во 5:30 часот по локално време.
Регион
(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“
Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Земјотресот е регистриран со сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во 18 часот и 43 минути, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата.
Земјотресот е почувствуван во поширокото подрачје на Задар, во Лика, Далмација, како и во делови од соседна Босна и Херцеговина.
„Регистриравме силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Во следните неколку часа регистриравме три до четири послаби земјотреси, со магнитуди меѓу 1,7 и 2,9 степени“, изјави за ХРТ, сеизмологот Крешимир Кук.
Жителите од различни делови на округот Задар на социјалните мрежи опишаа како чувствувале силни потреси.
„Кафулето беше преполно и наеднаш имаше благ потрес, проследен со силен удар, како да експлодирала мина. Сите истрчавме надвор“, опиша еден жител.
„Се се тресеше. Најпрво се чувствуваше како минува нешто низ земјата, а потоа земјотресот траеше околу пет-шест секунди. Сите излегоа на улица. Ниту една тула не се сруши, па немаше поголема штета, но стравот беше голем“, додал друг жител.
ХРТ објави нова снимка од земјотресот снимена од надзорните камери во Стариград Пакленица.