Свет
Шпанија ќе прими дел од мигрантите заглавени на брод во италијанските води

Шпанија се понуди да прими некои од 150 мигранти од бродот за спасување, кои Италија ги блокираше, соопштија властите во Рим.
Бродот денеска се наоѓа во територијалните води на Италија, рекла портпаролката на операторот на шпанската добротворна организација „Проактива отворени раце“.
Неговите патници се на бродот, од кога ги собраа на Средоземното Море на почетокот на овој месец.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, одби да им дозволи да се симнат од бродот, но римскиот административен суд вчера пресуди дека на бродот треба да му се дозволи да влезе во италијанските територијални води.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Шпанија изразила подготвеност да прими одделни мигранти кога ќе се симнат од бродот. Шпанската Влада не ја коментираше веста, но дневникот „Паис“ повикувајќи се на три неименувани извори, дека Шпанија ќе прими одреден број мигранти.
Весникот наведе дека допрва треба да биде утврден точниот број мигранти, кои Шпанија ќе ги прими, во рамки на поширок договор со Франција, Германија и други земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.