Регион
Стотици бегалци во Турција продолжуваа пеш кон границата со Грција
Стотици главно сириски бегалци продолжуваат пеш да одат кон западната турска граница со Грција во петокот откако кампираа неколку денови крај автопатот, јавува новинарот Reuters од самото место.
Припадниците на турската жандармерија, кои претходно седмицава накусо ставија препреки за да го сопрат нивното напредување кон градот Едирне, 17 километри од граничниот премин, во петокот не успеале да ги сопрат бегалците.
Околу 850 бегалци минаа три студени ноќи на отворено и ја поднесуваа дневната горештина носејќи ги шаторите и покривачите кои им ги дадоа хуманитарните организации. Група од педесетина луѓе коишто повеќе не можеле да ги поднесуваат ваквите услови се вратила во четвртокот вечерта во Истанбул.
Портпаролот на грчката влада Родолос Моронис изјави во четвртокот дека во тек се подготовките за можен нови бегалски бран од насоката на границата покрај реката Еврос, која ја дели Грција од Турција.
Голем дел од оваа граница е ограден, па е многу потешко да се премине отколку на другите места./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Автомобил ја проби блокадата во Белград, удри студент и го носеше на хауба
Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија дека денеска за време на нивната акција на улицата Караѓорѓева возило ја пробило блокадата, удрило во студентот и го носело на хаубата.
По тој инцидент, соопштија, жената која го управувала автомобилот побегнала, а повредениот студент е пренесен во болница, пренесува Нова.рс.
„Студентот во моментов е во Ургентниот центар по интервенција на Брза помош. Нападот бил пријавен во полиција, која како сведоци повикала професор на Економскиот факултет и лице од студентската служба. Сведоците дадоа исказ во полициска станица“, велат студентите.
Регион
(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:
„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.
View this post on Instagram
„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.
Регион
Во грчките пристаништа ветерот го запре поморскиот сообраќај – транспортот до многу острови е невозможен
Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер.
Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа, меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала.
Поради забраната, значително е во прекин поморскиот сообраќај во целата земја, а транспортот до многу острови во моментот не е можен, пренесуваат медиумите.
Според податоците на грчката метеоролошка служба, се проценува дека брзината на ветерот во регионот денеска ќе се зголеми, што значи дека би можел да достигне ниво на брзина на урагански ветер од 89 до 102 километра на час.