Топ
Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од Кривичниот законик. Според полицијата, ресенчанецот со фалц дипломата од средно училиште станал полицаец, по што се запишал и на Техничкиот факултет во Битола и напредувал во службата станувајќи инспектор. На овој начин остварил материјална корист од месечни примања – плата од МВР во период од над 16 години.
Тој во периодот од 17.06.2000 до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Дебар – училиште за средно образование, IV степен-гимназиско општо образование во која биле внесени лажни податоци за број од главна книга, печат на дипломата, лажен потпис од директорот и лажни податоци за положени предмети и постигнат успех.
,,Исто така, набавил четири лажни свидетелства за завршена прва, втора, трета и четврта година средно образование со невистинити податоци за ученик, клас, издавач на сведителства и оценки за положени предмети во тие учебни години. Ваквата лажна диплома, ја употребил и приложил како доказ за завршено средно образование на објавениот конкурс во МВР во 2002 година за вработување на полициски службеници, каде бил примен на работа како полицаец и работел најпрво во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Ресен, а неколку години подоцна и во Полициската станица за граничен премин Стење при Регионалниот центар за гранични работи Запад.
А.Ш., лажната диплома за завршено средно образование повторно ја употребил при упис на Технички факултет во Битола, а во 2012 година и по трет пат при упис на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, каде дипломирал во 2014 година. Врз основа на таа диплома тој се здобил со повисока позиција – инспектор – Раководител на смена во Полициската станица за граничен премин Стење”, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице е повредено
Мал авион денес се урна во Мавровско Езеро.
Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, додека другото поминало без повреди, потврдија од Центарот за управување со кризи.
Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а надлежните постапиле на лице место.
Фото: Пекселс, Сабина Калари
Македонија
(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“
Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање на нашите деца“, велат семејствата на загинатите деца.
Наместо студен камен, како што додаваат, избрале да засадат дрвја што ќе растат и ќе сведочат за постоењето на нивните деца, како симбол на живот, надеж и сила, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени.
Семејствата им се заблагодарија на сите што дале поддршка и солидарност во најтешките моменти истакнувајќи дека токму таа поддршка ги покажува општествената одговорност и човечноста и дека од болката заеднички е создадено нешто трајно, достоинствено и исполнето со љубов.
Топ
84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
На 4 декември, во хотел во Куманово, осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да лиши од живот една жена.
Тој утрото искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил вратата, па влегол во објектот и дошол пред собата каде била оштетената и нејзиниот неподвижен сопруг.
Кога го видела, таа станала и тргнала кон вратата од собата за да го спречи да влезе, но во тој момент осомничениот извадил нож и со него ја удрил во пределот на главата. Во момент кога му паднал ножот, оштетената успеала да се тргне и на висок тон почнала да вика и да бара помош, па од другата соба излегол нејзиниот син и го спречил осомничениот.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово определи мерка притвор за осомничениот.

