Црна хроника
Полските чувари во Штип запленија стотина исечени борови

Две запреги натоварени со 90 парчиња борови стебла, исечени од атарот на манастирот Света Недела, запленија полските чувари од Штип .
Неколкуте кубици со четириметарските стебла се откриени во двор на улицата „Широк дол“ каде што требало за вредност од 6.500 денари да ги преземе сопственик на куќа во изградба.
Сторителот ќе биде санкциониран согласно Законот.
Според полските чувари се работи за лице од ромска националност кое од порано им било познато на органите на прогонот како дрвокрадец. Дали во оваа недозволена сеча биле инволвирани и други лица ќе утврди истрагата.
Во меѓувреме, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. За вакви криминални дејства законодавецот предвидел казна и до пет години затвор./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од кочанско измамена за 4.000 евра со лажни ветувања за пензија

61-годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од 59-годишниот П.Г. од истиот регион за сума од 4.000 евра.
Според пријавата, во октомври 2020 година тој ѝ ветил дека со пријатели од Скопје ќе ѝ овозможи да добие пензија. Жената во декември 2023 година му ги предала парите, по што до крајот на 2024 година имале повремени контакти, но потоа тој престанал да одговара на нејзините повици.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка го пријавила својот брат поради психичко вознемирување, веќе му било забрането да и’ се приближува

Во СВР Скопје на 17 септември околу 20 часот, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.М. (46) подолг период ја вознемирувал психички и ѝ упатувал закани.
Според пријавата, против него веќе била изречена мерка за забрана за доближување.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Топ
Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено возило, а потоа со физичка сила го оштетило возилото.
Пријавата ја поднел 28-годишниот С.Г. од Скопје, кој заедно со колегите пожарникари бил во возилото во моментот на инцидентот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.