Црна хроника
Притворен жител на Велешта што се обидел да го убие својот брат

Жител на струшкото село Велешта е притворен, под сомнение дека се обидел да го застрела сопствениот брат.
Како што информира СВР Охрид, на 22 февруари А.Н. (44) физички го нападнал неговиот брат Б.Н. а потоа кон него испукал еден куршум од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал. Настанот се случил околу 23 часот во центарот на селото Велешта каде се сретнале двајцата браќа. Притоа настанала жестока вербална расправија а потоа и физички напад од сега притворениот кон неговиот брат.
Во еден момент, сега притворениот А.Н. го извадил пиштолот и со ракохватот го удрил својот брат во пределот на главата а потоа кон него испукал еден куршум нанесувајќи му влезно-излезна рана во пределот на слабината. Веднаш потоа А.Н. влегол во своето патничко моторно возили марка „Мерцедес“ и избегал од местото. Повредениот Б.Н. е пренесен во општата болница во Струга каде е извршена медицинска интервенција и му е дадена неопходната медицинска нега.
Полициската станица од Струга на 10-ти овој месец го пронајде и приведе А.Н. по што по решение од Основниот суд во Струга одредена му е мерката притвор. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.