Топ
Убиството во Гостивар се случило поради долг, се бара притвор за убиецот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/noz-ubistvo-napad.jpg)
Извршен е увид во Гостивар, на местото каде денеска со нож беше убиена 78 годишна жена, а со повреди во болница завршија нејзината ќерка и зетот.
Од Обвинителството донесена е наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, за кој се бара притвор.
Соопштувајќи детали за убиството, Обвинителството јави дека настанот се случил утринава околу 4 часот, во станот на улицата „Илинденска“ во Гостивар. Осомничениот, поради нерасчистени должничко доверителски односи, влегол во станот на оштетените каде ги затекнал сопругата на оштетениот и нејзината мајка. Со употреба на нож првин ја нападнал 78 годишната старица, а потоа и на оштетената и задал повеќе убодни рани. При излегување од станот го сретнал и го нападнал и оштетениот, по што избегал. Во својот дом тој ја фрлил облеката што ја носел и облекол пожарникарска униформа.
Од страна на единицата при Министерството за внатрешни работи по неколку часа бил пронајден и приведен.
Оштетените се пренесени во болница каде старицата починала од зададените убодни рани, а брачниот пар е надвор од животна опасност и по лекарските интервенции се задржани на болничко лекување. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата 78 годишна жена е предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/04022025_Mickoski_pres_2.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал, меѓутоа, како што рече довербата не ја оправдал.
„Па, не би го коментирал него повеќе, јасно кажа Владата. Имаше тој, доволно можност да се размрда, да се покаже како бескомпромисен борец за правда и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал. Но, очигледно, дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина. Така што мислам дека имаше тој доволно време да покаже, за жал, таа доверба не ја оправда и сега Владата отпочнува еден процес“, изјави Мицкоски.
Премиерот нагласи и дека чесно и доблесно би било Државниот јавен обвинител самиот да се повлече, со цел да се избере обвинител кој ќе работи против криминалот и корупцијата во државата.
„Денеска бев во Парламентот, тој процес се започна во Парламентот, во Парламентот ќе заврши. Така што мислам дека чесно и доблесно од него би било да самиот се повлече и да го скратиме овој период, да можеме да избереме обвинител, кој што бескомпромисен борец ќе биде, против криминалот и корупцијата во Македонија“, рече премиерот.
Македонија
Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-140549.jpg)
Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип.
Пред два дена сега осудениот Зејнелов на претходно рочиште ја призна вината за убиството на неговата партнерка Пешева.
Адвокатите на семејството Пешеви и Обвинителството побараа доживотна казна затвор за сторителот.
Според обвинението, осудениот се товари дека откога се договориле и се сретнале со жртвата пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и почнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот како резултат на што жената починала.
Македонија
(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/mecinovic-sobranie.jpg)
Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица.
Пратеникот и портпарол на Левицата, Амар Мециновиќ, смета дека со тоа ќе продолжи праксата на злоупотреба и наплаќање енормни суми.
„Јавноста веќе долго го артикулира овој проблем и директно влијае врз достоинството на Собранието, пратениците и политичкиот систем. Како антиестаблишмент-партија, ние се обидуваме да го вратиме она што народот некогаш го имаше – политичка моќ. Овие што денес ја владеат државата, ВМРО-ДПМНЕ, токму нивниот министер или фридманист – Трајко Славески, ги укина патните трошоци за работниците“, истакна Амар Мециновиќ.
Предлогот на партијата е патните трошоци да се пресметуваат: 6,5 литри на секои изминати 100 километри бидејќи сегашната одредба погрешно се толкува и пратениците испумпуваат пари за армотизација и патарини.