Црна хроника
Меѓупартиска тепачка во Лисиче

Тепачка меѓу симпатизери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и малолетници, се случила во вторник по митингот на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски во населба Лисиче, информира Министерството за внатрешни работи.
Тепачката настанала на ул. „Ѓорѓи Капчев” помеѓу З.Л.(18), К.Л.(29), С.Л.(55) и А.Л.(16), членови на СДСМ, од една страна и И.И.(16) и неговиот татко Б.И.,членови на ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна.
Како што информира МВР, по кратка вербална расправија по завршувањето на митингот на кандидатот Стево Пендаровски во Лисиче, дошло до физичка пресметка во која лицата си размениле неколку удари.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што против одговорните во инцидентот ќе следуваат соодветни поднесоци.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Црна хроника
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.
Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.
При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.
Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.