Надворешна политика
Иванов – Давутоглу: Македонија и Турција со одлични билатерални односи
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во вторникот оствари средба со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, со кого разговараше за натамошното продлабочување на билатералните односи, и зголемување на соработката меѓу Македонија и Турција.
Двајцата соговорници изразија задоволство од традиционалното пријателство и партнерство, и од интензивната комуникација и соработка во сите сфери од заеднички интерес, кои се потврда за одличните односи меѓу Македонија и Турција.
Изразувајќи благодарност за цврстата и принципелна поддршка на Турција во однос на нашите стратешки цели, членството во Европската унија и во НАТО, претседателот Иванов, нагласи дека Македонија високо ги цени турските активности и напори по овие прашања.
Македонскиот претседател и турскиот премиер ја поздравија економската соработка, која е највисоко на агендата на меѓусебните односи, со очекување за натамошно интензивирање. Беше разговарано и во однос на соработката во сферата на одбраната и безбедноста, културата, туризмот, образованието, како и на мултилатерален план во меѓународните организации.
Во тој контекст, Иванов изрази очекување за зајакната соработка во рамките на Алијансата на цивилизациите, каде што Турција е земја-основач на оваа иницијатива, во рамките на Обединетите нации.
Претседателот Иванов и премиерот Давутоглу разменија мислења и информации за состојбите во регионот, за прашањата од надворешно политички интерес за двете земји, и разговараа за потребата од поголема соработка меѓу безбедносните служби на Македонија и на Турција, во поглед на соочување со заканата од странските терористички борци.
Давутоглу истакна дека Македонија е важен пријател и партнер на Турција, и дека, како и досега така и во иднина, Македонија може да смета на безусловна поддршка и помош од Турција, и додаде дека нашата држава со својот модел на соживот претставува позитивен пример не само во регионот, туку и многу пошироко./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.