Регион
Загреб и Каиро имаат рок до пладне да го спасат киднапираниот Хрват Салопек

Според одредени процени, хрватскиот државјанин Томислав Салопек, киднапиран од страна на терористичката организација Исламска држава (IS – ИД), по сé изгледа има уште неколку часови живот и се претпоставува дека рокот за исполнувањето на барањата на џихадистите истекнува во петок напладне, пишуваат медиуми.
Салопек беше киднапиран на 22-ри јули во Каиро и се појави во видео снимка од ИД, објавена пред помалку од 48 часа, а според наводите всушност толку време им е оставено на и египетските власти да ослободат муслимански затворенички од затвор или, пак, во спротивно тој ќе биде убиен.
Во обид да се издејствува негово ослободување, во Каиро допатува шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, заедно со сопругата на Салопек, а според зборовите на неговото семејство, за случајот се заинтересирала и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
Според неименуван член од семејството на Салопек, француската компанија во која тој бил вработен прво тврдела дека Хрватот бил киднапиран од обична криминална банда, сочинета од деца на возраст од 15 до 18 години. Сепак, потоа се дознало дека зад киднапирањето ана 30-годишниот Хрват стои во моментов најопасната терористичка организација на светот, основно нејзиниот огранок на Синајскиот полуостров.
По објавувањето на снимката со Салопек се појавиле информации дека тој бил случајно киднапиран и дека џихадистите сакале да киднапираат Французин. Сепак, на семејството ѝ е сомнителен и возачот во компанија за која работел Салопек, а кој наводно бил присутен кога се случило киднапирањето и бил оставен од страна на џихадистите во пустина.
Таткото на Салопек, пак, упати порака до киднаперите неговиот син да го пуштат на слобода, и дека единствената причина поради којашто тој отишол во Египет е да заработи за леб за својата фамилија./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.