Црна хроника
Две тони кокаин запленети во Парагвај

Две огромни пратки со кокаин кои пристигнале од Боливија и од Перу, со вкупна тежина од 1.800 килограми кокаин и 700 килограми марихуана, во вкупна вредност од 100 милиони доалри, се запленети во Парагвај, објави во петокот тамошната агенција за борба против дрогите.
Првата пратка од еден тон кокаин била запленета на имот во округот Президенте хајес, 300 километри северозападно од главниот град Асунсион. Сопственикот на имотот и двајца вработени се притворени.
Втората пратка од 800 килограми кокаин, е запленета во округот Консепсион, во близина на границата со Бразил. Агентите на националната агенција за борба против другите уапсиле двајца криумчари и откриле хангар за мали туристички авиони, користени за растурање дрога во регионот.
Вкупно во акцијата се уапсени пет лица, запленето е поголемо количество оружје, разни предмети и автомобили.
Парагвај е на крстосницата на правците за трговија со дрога во Андите на патиштата за Аргнетин аи Бразил, д каде потоа се транспортира за Африка и за Европа. Оваа мала земја, исто така, е еден од најголемите светски произведувачи на марихуана./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.