Црна хроника
Демонстрантите фрлаа со камења и шишиња, полицијата смируваше со водени топови

Демонстрантите со камења и шишиња, полицијата пак со водени топови и шок бомби ги смируваше протестите пред Основниот суд Скопје 1, поради пресудата во случајот „Монструм“.
Полицијата успеа да ги потисне демонстрантите до џамијата „Јаја Паша“, додека голем дел од нив постојано фрлаа со камења кон припадниците на полицијата.
Протестот кулминираше кога демонстрантите започнаа да фрлаат камења врз полицијата пред комплексот судови, при што беа искршени и прозори од судот.
Полицијата употреби шок бомби и водени топови за да ги спречи демонстрантите да заминат кон седиштето на Владата.Засега нема официјални информации за повредени или приведени лица.
Протестот за донесената пресуда против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро не бил најавен во МВР, и бил организиран на социјалните мрежи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.