Спорт
Де Лаурентис: Милик е подобар од Икарди!
Претседателот на италијански Наполи, Аурелио де Лаурентис, тврди дека чешкиот голгетер Аркадиуш Милик е подобар играч од Мауро Икарди од Интер, кој реши од Милано да отиде на заем во ПСЖ. Тој за италијанските медиуми објасни каде запнала работата за доведувањето на Аргентинецот ова лето во Неапол.
„Му понудив на Интер 60 милиони евра плус бонуси за Икарди и од таму се согласија. Меѓутоа, Ванда Нара барала 12 милиони евра од сезона за својот сопруг. Мислам дека тоа се премногу пари“, изјави Де Лаурентис.
Претседателот на Наполи очекува многу од Милик, кој оваа сезона ја почна без проблеми со повреди.
„Ова ќе биде прва сезона на Милик во која влегува потполно подготвен. Очекувам да постигне барем 20 гола не сметајќи ги пеналите. Тој во овој момент е подобар напаѓач од Икарди и мислам дека може да стане најдобар стрелец во Серија А“, вели Де Лаурентис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Феран Торес постигна хет-трик, Барселона уште еднаш ја декласира Валенсија
Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 5:0. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.
Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7:1.
Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.
Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот