Контакт

Сцена

Драмата „Шепотењето на Антигона“ изведена на три јазика во Центарот за Култура во Дебар

Објавено пред

Во рамките на соработката на општините Дебар и  Иф (Франција), во четвртокот навечер во Центарот за Култура во Дебар дебарчани имаа можност да ја проследат драмската претстава на македонски, албански и француски јазик „Шепотењето на Антигона“,  во режија на Фабиен Герих.

dobivaj vesti na viber

 

 

Оваа драма е дел од проектите за соработка на младите на Дебар и Иф со Програмата Еразмус Плус. Француската режисерка  изјави дека оваа е првпат да режира драма на три јазика и додаде дека е многу задоволна од  квалитетот на драмата и силната поддршка што ја доби од дебарската публика.

 

Координаторот на младите актери аматери од Дебар кои  беа дел од актерската екипа Џевит Мифтаровски информираше дека оваа драма претходно била подготвувана две недели во Франција, додека неговата колешка исто така од Дебар Арјета Јани  информираше дека драмата на три јазици  ќе биде учесник и на еден меѓународен фестивал кој ќе се одржи во април идната година  во Франција.

 

Инаку во рамките на соработката на Дебар и Иф градоначалникот на Дебар Ружди Лата прими делегација од градот Иф, со која е разговарано за продлабочувањето на соработката. /крај/мн

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Мицкоски очекува поддршка за Силјановска Давкова од Димитриевски и ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во втор круг

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во...

Македонија7 часа

(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај...

Свет9 часа

(Фото+видео) Серија торнада беснеат низ Америка: ветерот дигна вагони од пруга, уништени стотици домови

Стотици домови беа сериозно оштетени или целосно уништени бидејќи повеќе торнада погодија делови од Централна Америка. Надлежните најавија дека и...

Македонија10 часа

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени,...

Македонија10 часа

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот...

Македонија11 часа

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Од утре до 6 мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст. Пролетниот распуст е воведен...

Свет11 часа

(Видео) Први снимки од силното торнадо во Кина – „Ова е како Армагедон“

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу. Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени...

Македонија12 часа

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија, прво, тивок бојкот за претседателските избори, второ, Ахмети добил бел лист од Ковачевски да напише што сака

Државата ни ја одземаа. Народот изгуби контрола над системот, институциите се киднапирани од стотина души на ДУИ кои управуваат со...

Македонија13 часа

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Македонија е на нозе. Народот си ја враќа државата повторно во свои раце. Победата на 24 април покажа дека сите...

Македонија13 часа

Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по Кичево со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места...

Македонија13 часа

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

На митингот кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека...

Македонија1 ден

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија1 ден

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија1 ден

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет1 ден

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет1 ден

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет1 ден

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...