Контакт

Надворешна политика

Хан: Проблемот со името е еден од главните предизвици и мора да се изнајде решение

Објавено пред

Спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе биде еден од главните предизвици за новиот еврокомесар за соседство и пристапни преговори, Јоханес Хан, и според него неминовно е да се најде решение за овој проблем, по што земјата ќе може да ги продолжи своите евроинтеграции.

dobivaj vesti na viber

 

„Ова прашање е познато и ќе биде еден од главните предизвици со кое ќе морам да се соочам. Земјата е кандидат од 2005 година и не успеа да ги започне преговорите, а ова има влијание и врз тамошното население. Можеби апетитот за реформи се намали поради овие несакани случувања, но мораме да најдеме решение, тоа нема да биде лесно, но е потребно“, изјави австрискиот еврокомесар во вторникот, за време на своето сослушување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

 

Во поглед на процесот на проширувањето на Унијата, Хан порача дека Унијата нема да добие нови земји членки во следните пет години, но дека овој процес нема да застане, а новото мото ќе биде „квалитет пред брзина“.

 

Осврнувајќи се на земјите од западен Балкан, Хан порача дека неговата улога во претстојниот период ќе биде да ги подготви овие земји најдобро што може за она што ги очекува кога ќе станат земји членки на Унијата, иако во догледно време ова нема да се случи.

 

„ Реално, ниедна земја партнер нема да биде подготвена за пет години да стане членка, но тоа не значи дека нема да има придвижување. Мојата улога ќе биде да ги подготвам потенцијалните земји членки. Владеењето на правото, економскиот раст и функционалната демократија се главните три проблеми во процесот на проширувањето, а моето мото ќе биде „квалитет пред брзина“ во овој процес. Дискриминацијата нема место во оние општества кои сакаат да станат дел од ЕУ, исто така сакам да ги разгледам економските прашања кај оние земји кои сакаат да станат дел од Унијата и да им помогнеме на овие земји во остварувањето на реформите. Ќе ја поддржам регионалната политика и реформите во овие сектори. Од фер избори до слободни медиуми и транспарентно владеење, ова се потребните реформи, нема да има застој и мора да направиме се што можеме за да ја промовираме регионалната политика и да се решат билатералните прашања. Земјите од западен Балкан треба да бидат подобро поврзани, меѓу себе и со Унијата. Овој регион не треба да биде празно место на мапите за инфраструкрна и енергетска поврзаност. Заедничките цели можат да ги надминат постоечките политички несогласувања“, изјави Хан во своето во своето обраќање пред членовите на АФЕТ.

 

Австрискиот еврокомесар додаде дека Унијата ќе има индивидуален пристап кон секоја земја, а ќе покаже и флексибилност и волја да се најдат вистинските инструменти за оние инструменти каде што треба да се посвети внимание. Според Хан, Унијата ќе стои на она што го ветила, но доколку земјите кандидати не го исполнат тоа што тие ќе и го ветат на Унијата, тогаш ЕУ ќе мора да остане на своите вредности и принципи.

 

„Јасно е дека мораме да се фокусираме на преговарачкиот процес, се работи за квалитет,  но не за брзина во овој процес, треба добро да ги подготвиме потенцијалните земји членки и ќе работам на ова. На почетокот на својот мандат ќе ги посетам овие земји за да дадам до знаење дека продолжуваме со овој процес и да ја постигнеме нашата  цел, а тоа е целосна интеграција на западниот Балкан“, порача Австриецот.

 

Хан додаде дека напредокот кај земјите од регионот е евидентен, пред се преку започнувањето на пристапните преговори со Србија, а претходно и со Црна Гора, а според очекуваното времетраење на процесот на преговорите, јасно е дека тоа е долг процес и дека најпрво ќе мора да се направат реформи во клучните области, како што се човековите права и независното судство./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија5 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ8 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија9 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија10 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет12 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија1 ден

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија1 ден

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 ден

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија1 ден

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...