Регион
Обвинителите бараат доживотна за Радован Караџиќ

Обвинителите на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени на териториите на поранешна Југославија бараат доживотна казна затвор за поранешниот челник на босанските Срби, Радован Караџиќ, обвинет меѓу другото и за масакр на седум илјади мажи и момчиња во Сребреница и за гранатирање на Сараево.
Радован Караџиќ беше претседател на Република Српска, српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, која во текот на војната во правата половина од 1990-те се самопрогласи за држава на босанските Срби, а обвинителството во Хаг тврди дека во текот на тригодишната војна во која загинаа стотина илјади луѓе го предводел протерувањето на етничките Хрвати и Бошњаци.„Под командата на Краџиќ и контрола неговите подредени со соработниците протерувале, убивале и измачувале и на други начини злоставувале стотици илјади Муслимани и Хрвати“, напишале обвинителите во документот објавен во петокот.„Доколку Советот го прогласи Караџиќ одговорен за значителен дел од тие злосторства (…) доживотниот затвор е единствената соодветна пресуда“, додале обвинителите во поднесокот, според западните медиуми.Обвинителот во понеделник ќе ги започне завршните изјави, Караџиќ се брани самиот и ќе го даде својот одговор во среда. Затоа судиите ќе дискутираат за пресудата и казната.Караџиќ е обвинет за геноцид во Сребреница, кој се смета за најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна. Според обвинението силите на босанските Срби во летото 1995 година ги извеле мажите и момињата од Сребреници и ги убивале во блиските шуми. Го товарат и за гранатирање на Сараево во текот на опсадата која траеше релии четири години во кој животот го загубиле повеќе од пет илјади цивили.Радован Караџиќ е обвинет во 1995 година, непосредно по завршувањето на босанската војна а беше уапсен во 2008 година. Со години беше во бегство и во српската престолнина Белград преправен работел како њу-ејџ исцелител./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.