Регион
ЕУ внимателно ја следи „шпионската афера“ меѓу Белград и Загреб, очекува решавање на проблемот

Европската унија (ЕУ) внимателно ги следи најновите случувања помеѓу Белград и Загреб и очекува решавање на најновиот проблем кој настана поради апсењето на едно лице во Србија осомничено за шпионажа, изјавиле неименувани дипломати за српскиот весник „Данас“.
Доколку воопшто има реакција од Брисел, таа ќе може да се очекува дури кога ќе се располага со повеќе официјални и потврдени информации, што во моментов не е случај, пренесуваат српските медиуми.
Соговорниците на „Данас“ наведуваат дека Брисел од двете држави очекува сите отворени прашања да се решаваат низ конструктивен билатерален дијалог и со меѓусебно почитување, истовремено повторувајќи ја изјавата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер дека „добрососедските односи и регионалната соработка, како и помирувањето, се фундаментални принципи кои мораат да бидат почитувани“.
Инаку српското обвинителството викендов покрена истрага против, како што наведуваат белградските медиуми 57-годишниот Чедо Чоловиќ, кој е осомничен дека шпионирал во полза на Хрватска и е побарано да му биде одреден притвор. Станува збор за лице со двојно српско и хрватско државјанство по потекло од Дрниш во Далмација, кое како поранешен припадник на распаднатата Југословенска народна армија (ЈНА) потоа бил офицер на ткн војска на самопрогласената Република Српска Краина во текот на војната во Хрватска. Обвинителството наведе дека тој до првите 1990-те години живеел и работел во Хрватска, по што местото на престој му било во Србија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.
View this post on Instagram
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин