Црна хроника
Три кражби во аптеки низ земјава

Три кражби на лекови и пари се случиле во аптеки во СКопје и во Битола за време на новогодишната ноќ.
Имено, во понеделник во 17.20 часот во Битола, на ул.„Ѓуро Ѓакович“, во аптека „Екофарм“, непознат сторител вооружен со пиштол непозната марка извршил разбојништво над вработената М.С. (1988) од с.Добромири-Битола, при што одзел 14.000 денари и 10 шишенца ампули „Трамадол“.
Разбојништвото сторителот го извршил на тој начин што влегол во аптеката, го вперил пиштолот кон вработената, со едната рака ја притиснал на подот, од фиоката ги одзел парите, а потоа и ампулите, по што избегал.
Во Скопје, пак на ул. „Џон Кенеди“ во аптека „Зегин“, непознато лице извршил разбојништво над вработената Ј.З., при што одзел 5.000 денари.
Тој влегол во аптеката, и се заканил на вработената дека ако не му даде пари, ќе види што ќе и се случи, при што истата од фиоката му ги дала парите.
Откако ги одзел парите, сторителот избегал.
Уште еден грабеж на аптека се случил во Скопје, на ул.„Васил Главинов“ во аптека „Виола“, кога две непознати лица, од кои едното вооружено со пиштол, извршиле разбојништво над вработената, на тој начин што и се заканиле со пиштолот, при што одзеле пари чија висина дополнително ќе биде утврдена.
Полицијата во сите случаи презема мерки за пронаоѓање на лицата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.