Контакт

Европа

На примирјето во Украина му се заканува пропаст

Објавено пред

Откако во неделата четворицата челници, на Украина, Русија, Франција и Германија, како и мисијата на ОБСЕ констатираа дека постигнатиот минатиот четврток договор за прекин на огнот во источна Украина во Минск главно се почитува, во понеделникот повторно започнаа меѓусебните обвинувања за прекршување на примирјето. 

dobivaj vesti na viber

Прозападните власти во Киев соопштија дека проруските бунтовници ги напаѓаат нивните сили кои се во опкружување на рускојзичниот исток од земјата, и дека нема да го повлечат тешкото вооружување.

Рускиот претседател Владимир Путин уште во петокот предупреди дека ситуацијата околу важниот железнички јазол во Дебалцево, на патот меѓу двата одметнати бунтовнички центра Донец и Луганск, ќе биде голема закана за одржување на примирјето. Тој ги повика украинските сили, коишто се во опкружување речиси еден месец, и чија бројност се проценува меѓу шест и осум илјади вклучително се тешко вооружување, да го положат оружјето и да се повлечат кон внатрешноста на Украина. Во неделата силите на рускојазичните милиции објавија дека украинските единици од Дебалцево не неколку наврати се обиделе да го пробијат нивниот обрач.

Вашингтон објави дека во операциите околу Дебалцево, рускојазичните бунтовници имаат поддршка од регуларни руски вооружени сили, што Москва уште еднаш го демантираше и обвинувањата ги испрати во обратна насока, во смисла на поттикнување на Киев да најде оправдување на не го почитува договорот за прекин на огнот и особено за повлекување на тешкото вооружување, со какво што располагаат украинските единици во споменатиот град кој пред војната имаше 25 илјади жители, а кое според Минската споредба би требало да биде повлечено на 40 до 70 километри од линијата на конфликтот, во зависноста од калибарот на оружјето. Бунтовниците, исто така, соопштија дека нема да го повлечат своето тешко оружје, додека во него има украински војници.

Репортерот на Reuters јави дека во Дебалцево постојано се слушаат гранатирања од артилерија. Најмалку шест тенкови и оклопни транспортери и артилерија видел во шумата недалеку од Вуглериск, десетина километри западно од Дебалцево, место што пред десетина дена го заземаа бунтовниците. Во неговиот извештај се наведува дека можело да се видат воени камион на главниот пат кон градот додека се слушало гранатирање и оган од автоматско оружје.

„Можете да слушнете дека нема примирје. Дебалцево е наша територија и ние ќе ја заземеме“, рекол бунтовнички борец, стои во извештајот на дописникот на Reuters.

„Постои Мински договор, според кој Дебалцево е наше. Ние нема да си заминеме“, изјавил Селезнев во телефонски разговор за Reuters истакнувајќи дека Дебалцево се наоѓа на територија која е е под контрола на Киев.

Претходно во саботата Русија изрази сериозна загриженост поради обидите на Киев и Западот да го „искривуваат“ договорот за примирје во Украина, кој беше склучен во четвртокот во белоруската престолнина Минск по 16-часовните преговори меѓу челниците на Украина, Русија, Франција и Германија,.

„Сериозната загриженост предизвикува тоа што официјални претставници на украинската страна низ изјавите на министерот за надворешни работи П.А. Кломкин, како и уште некои западни земји, а особено САД, застанаа зад ставот на радикалните националисти во Врховната Рада (украинскиот парламент –з. Р.) и започнаа да ја искривуваат содржината на договорот од Минск, доведувајќи го во прашање спроведувањето на конкретните одредби од документот кој го одобрија челниците на Русија, Германија, Франција и Украина“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на руското министерство за надворешни работи.

Претходно во понеделникот еден од челниците на самопрогласената ткн Народна република Донецк, Денис Пушилин за агенцијата ТАСС изјави дека бунтовниците се подготвени да отворат ткн „зелен коридор“ преку кој украинските војници ќе се извлечат од обрачот во Дебалцево.

Во меѓувреме агенцијата ја пренесе изјавата на портпаролот на Вооружените сили на Украина, Владислав Селезнев дека Киев го одбива предлогот на бунтовниците да ги повлече своите единици од Дебалцево преку ебзбеден коридор

Киев соопшти дека неговите сили биле гранатирани повеќе од сто пати откако во саботата на полноќ стапи на сила прекинот на огнот. Воениот портпарол на Киев, Андриј Лисенко изјави дека владините сили не можат да го повлечат тешкото вооружување, доколку не биде почитувано примирјето.

„Предуслов за повлекување на тешкото вооружување е исполнување на првата точка од договорот од Минск, а тоа е примирјето. Сто и дванаесет напади не се показател за примирјето. Во овој момент не сме подготвени да го повлечеме тешкото оружје“, изјави Лисенко на прес конференција во Киев, пренесува AFP.

Украинската армија наведе дека пет нејзини војници се убиени а 25 се ранети од стапувањето на сила на прекин на огнот, додека бунтовничките претставници од Луганск соопштија дека во гранатирање на село во близина на градот кое е под нивна контрола загинале двајца цивили.

Дека „мировните напори на европските челници и Москва“ се под загакана поради одбивањето на Киев да започне со повлекувањето на тешкото вооружување, потврди и бунтовничкиот челник од Донецк, Денис Пушилин.

„Уште еднаш напорите на шефовите на европските држави и на претседателот на Руската Федерација во планот на Минската мировна иницијатива се сериозно загрозени од пропаѓање. Треба да се обрати внимание дека портпаролот Лисенко изјави дека украинската страна не е подготвена да го повлече тешкото вооружување од линијата на контактот во Донбас“, изјави Пушилин, кого го цитира РИА Новости.

„Ние сме подготвени само на заемно повлекување на опремата, како што тоа е препишано со сетот мерки за исполнување на Минскиот договор“, додал./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море

Објавено пред

Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.

dobivaj vesti na viber

Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.

Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.

Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело

Објавено пред

Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.

dobivaj vesti na viber

Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.

Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.

Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.

Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија

Објавено пред

По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.

„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.

Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.

Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 160.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија5 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија8 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ8 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија9 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија9 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија10 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија11 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет14 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет14 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа15 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет15 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа15 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа15 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија24 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ1 ден

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија1 ден

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија1 ден

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија1 ден

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...