Македонија
Лабовиќ поднесе оставка од Советот за реформи во правосудството
Професорот Миодраг Лабовиќ, поднесе оставка од Советот за правосудство. Тој оставката ја поднел на вчерашната седница на советот за реформи во правосудството, а денеска ја доставил и во писмена верзија. Лабовиќ вели дека оставката ја поднел од морални причини и оти не верува дека ќе се постигне решавање на најголемиот проблем – владеењето на правото.
„Длабоко сум убеден дека врз база на аргументи и факти може да се дојде до валидни заклучоци за најоптимални стратешки насоки, ако постои интелектуална способност за “сложување на коцките во сложениот мозаик“ и свест за јавниот интерес, изразен преку вредносниот консензус за заемно прифатените цели, како што се владеење на правото, борба против високата корупција и институционалниот тип на организиран криминал.
Не можам да го прифатам единствениот аргумент што беше искажан, ако тоа е воопшто аргумент, а не е изговор, дека Владата не може да усвои стратешки насоки, колку и да се тие издржани, ако за тоа се потребни уставни измени. Ваквиот став искажан од министерката за правда и претседавач со советот, Дескоска, беше дополнително образложен со тоа дека секое ставање на уставни измени во стратешка насока можело само дополнително да го обремени процесот на преговори со ЕУ при отворање на поглавјата и да ни создаде непотребни тешкотии, имајќи го предвид фактот колку тешко одат преговорите со опозицијата за обезбедување двотретинско мнозинство за Законот за ЈО“ вели Лабовиќ.
Неприфатливо е, според него, главните чинители во општеството да се залагаат за длабоки системски реформи во правосудниот систем, како еден од курцијалните сегменти на системското владеење на правото, а притоа крајниот лимит на реформите да го гледаат во донесување пакет-закони, кои се однесуваат само на процедурални, организациски, квантитативни и квалитативни кадровски и материјално-технички прашања.
Се надевам дека оваа моја оставка барем малку ќе придонесе за развивање на свеста за потребата од вистински, длабоки структурни реформи во правосудниот систем и другите нераскинливо поврзани системи, како што се политичкиот, безбедносниот, јавната и државна администрација, заклучува Лабовиќ во оставката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

