Црна хроника
Охриѓанка се обидела да си го убие сопругот со нож

Триесет идвегодишна жителка на охридското село Пештани се обидела да го убие својот сопруг со нож, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, В.Р. од село Пештани, на трети овој месец, на својот сопруг Ј.Р. (26) со кујнски нож му нанела неколку убоди во пределот на градниот кош. Истиот, итно бил пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување.
Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу нив настанала жестока вербална расправија додека биле во кујната на семејната куќа. Тогаш В.Р. посегнала по ножот и на својот сопруг му задала неколку убоди во пределот на градниот кош.
Полицијата извршила увид во семејната куќа на сопружниците и одзела два кујнски ножеви кои се предадени за криминалистичко-техничко вештачење во МВР.
Против В.Р. полицијата поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.