Регион
Пред турскиот брег се удавија дванаесет бегалци

Потресна фотографија на којашто се гледа телото на момченце исфрлено од морето на плажата крај познатото турско летувалиште Бодрум, ги преплави социјалните мрежи откако беше објавено дека дванаесет лица за кои се верува дека се сириски бегалци се удавиле настојувајќи да стигнат до грчкиот остров Кос.
На првата фотографија се гледа безживотното тело на момченцето во црвена маичка и куси сини панталони со лицето свртено кон песокот во близина на Бодрум, а на другата како турски полицаец со резигниран израз го носи кревкото телото.
Со ознаката „човечноста исфрлена на брегот“ корисниците на Twitter ја споделуваат оваа потресна фотографија.
Две пловила во коишто имало вкупно 23 луѓе, одвоено испловиле од неутврдени места на полуостровот Бодрум, изјави висок офицер на турската морнарица за агенцијата Dogan.
Меѓу смртно настраданите се пет деца и една жена. Седум лица се спасени, а две до брегот успеале да допливаат благодарејќи на појаси за спасување. Припадниците на турската крајбрежна стража велат дека шансите да бидеа спасени уште две лица кои се сметаат за исчезнати се сé помали.
Десетици илјади Сиријци кои бегаат од конфликтот кој повеќе од четири години ја разорува нивната татковина, особено ова лето се упатуваат кон егејскиот брег на Турција се со несигурни пловила се обидуваат да стасаат од грчките острови кои се нивната порта кон Европската унија.
Турските хуманитарни организации проценуваат дека во текот на август околу 2.000 луѓе дневно го минувале релативно кусото растојание кон источните острови на Грција со гумени чамци./крај/мф/аак
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска издаде налог за приведување на претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ.
НАТО се огласи со изјава за ситуацијата во Босна и Херцеговина, нагласувајќи ја својата позиција за стабилноста на регионот.
„НАТО останува цврсто посветен на стабилноста на овој регион и на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Босна и Херцеговина“. Тие повикаа на почитување на Дејтонскиот мировен договор.
„Ја поддржуваме Канцеларијата на високиот претставник, сите дејствија што го поткопуваат Дејтон, уставниот поредок или националните институции се неприфатливи. Запаливите реторики и акции се опасни и претставуваат директна закана за стабилноста и безбедноста на Босна и Херцеговина“, додаваат тие.
„Генералниот секретар на НАТО ја истакна потребата политичките лидери во Босна и Херцеговина да го направат својот дел и да преземат одговорност за напредокот и стабилноста на својата земја“, се вели во соопштението, во кое се додава дека НАТО и меѓународните партнери активно ја следат ситуацијата и немаат намера да дозволат безбедносен вакуум.
„Генералниот секретар јасно стави до знаење дека ‘ова не е 1992 година’ и дека НАТО и неговите меѓународни партнери се присутни и ангажирани во Босна и Херцеговина и нема да дозволат да се појави безбедносен вакуум. На крајот, тој истакна дека Алијансата е посветена на соработката со Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението на НАТО.
Регион
Еден од основачите на „Пајрат беј“ загина во авионската несреќа во Словенија

Познатиот шведски претприемач, кој е и еден од основачите на веб-страницата „Пајрат беј“, загина во авионска несреќа на Велика Планина во Словенија.
Авионот полета од Загреб во понеделникот за Швајцарија и се урна во Словенија, а во вторникот биле пронајдени остатоците од авионот и телото на пилотот.
Шведскиот претприемач и поранешен политичар, Карл Улф Стур Лундстром, познат како еден од основачите на „Пајрат беј“, загина во авионска несреќа на Велика Планина, пренесува шведски „Експресен“.
Во понеделникот околу пладне спасувачките служби откриле дека делови од авионот паднале врз куќа, јавуваат локалните медиуми.
Линдстром управувал со авионот и бил единствениот човек во него.
Тој беше познат и како претприемач и како десничарски екстремист. На изборите во 2021 година се кандидира за партијата Алтернатива за Шведска. Во објава на платформата „Икс“ партијата напиша:
„Денеска не погодија трагични и незамисливи вести. Карл Лундстром, легенда и ветеран на шведскиот национализам, загина во авионска несреќа во понеделникот. Со својот авион ‘муни М-20’ летал од Загреб до Сент Мориц во Швајцарија, но се урнал во Словенија“.
Регион
Обвинителството на БиХ нареди приведување на Додик

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за приведување на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, на сослушување.
Додик, Вишковиќ и Стевандиќ треба да бидат приведени од судската полиција со асистенција на која било полициска агенција, пишува „Кликс“. Обвинителството ги товари за сторено кривично дело нарушување на уставниот поредок.
Од прес-службата на Вишковиќ во РС потврдија дека добиле информации за налогот за апсење потпишан од државниот обвинител Ќазим Хасанспахиќ. Оваа наредба, наводно, била проследена до правосудната полиција, Министерството за внатрешни работи на РС и Државната агенција за истрага и заштита (СИПА), но од Обвинителството на БиХ нема коментар.
Додик, Вишковиќ и Стевандиќ не се јавија на претходните покани од Обвинителството на БиХ на распит. Доколку не бидат приведени, ќе биде издадена внатрешна потерница според која секоја полициска агенција во БиХ може да ги приведе, вклучително и Граничната полиција.
Доколку не се приведени ниту врз основа на внатрешна потерница, тогаш се распишува потерница од Интерпол, односно меѓународна.