Македонија
(Видео) Адвокатот Дуковски реагира зашто не му било дадено на увид сведочењето на Зоки Кичеец

Адвокатот Сашо Дуковски, кој го брани Бојан Јовановски познат како Боки 13, вели дека тие ги виделе сите докази што досега се готови од технички апсект, а негодува и не му е јасно зошто Обвинителството одбило да му го даде на увид записникот од сведочењето на Зоран Милески, кој даваше исказ во својство на сведок.
„Три и пол часа гледавме сè што има во јавнообвинителскиот предмет. Извршивме увид. Сметам дека ова требаше да биде направено многу порано, но никогаш не е доцна. Ќе продолжиме и наредните денови“, рече Дуковски.
Адвокатот смета дека во предметот на Русковска имало и материјали што не може да служат како докази.
„Таму немаше само докази, туку и друг материјал. По моја оценка, беше неопходно Бојан да биде присутен. Само во корелација и консултација со него, ќе одлучиме дополнително. Не значи дека има обемен доказен материјал иако се задрживме три и пол часа. Во материјалите во голем дел има докази од објавените снимки во италијанскиот весник“, додаде Дуковски.
Увидот во доказите против Боки 13 ќе продолжи и наредните денови бидејќи денеска не е извршен увид во сите списи.
„Ние ги видовме сите докази кои се готови до овој момент. Има докази што не се готови во овој момент од технички причини. ПИ-мерките не се ништо посебно. Една работа како бранител ми е нејасна – не ни беше дозволен увид во записникот на осомничениот Зоран Милески, ни кажаа да го бараме од неговите бранители. Колку што знам, господинот се брани со молчење. Но, ме зачуди зошто не можам да го видам“, вели Дуковски.
Адвокатот на Боки 13 е дециден дека записникот од сослушаниот Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец, каде што дава исказ како сведок, треба да му биде даден на увид.
„Едно е сослушување сведок, што Обвинителството мора да ми го даде на увид, а сосема поинаку е статусот на граѓанин од кого се собираат информации. И тука немам право да го видам“, смета Дуковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.