Црна хроника
Арамии фатени додека краделе во стан во Скопје
Тројца арамии биле уапсени додека краделе во стан на улица „Никола Малешевски“ во Скопје, соопшти МВР.
Синоќа два часа по полноќ полицајци вршеле мотопатролна дејност кога забележале познат крадец кој со уште две лица со пајсери и клешта за сечење арматура во рацете влегувале во зграда.
Полицајците заминале по нив и во стан на четвртиот кат забележале насилно отворена блиндирана врата од стан и внатре ги затекнале арамиите.
Тројцата се приведени и против нив ќе следуваат пријави./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и девојка на возраст од 22 и 21 година.
Според информациите од МВР, двајцата со „ауди“ излетале од патот.
„По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид“, соопшти полицијата.
Извршен е увид, а телата предадени на обдукција.
Црна хроника
Оштетени шест автомобили и приведено едно лице во Куманово за денот на албанското знаме
Вчера во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме. Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола.
По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
Вчера во 18.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат П.К.(57) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, на местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.