Контакт

Региони

Следи топла и влажна пролет и потопло лето

Објавено пред

Топла и влажна пролет и малку потопло лето од просекот очекуваат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи, за претстојната сезона 2016 година.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на април се очекува повеќе сонце и потопло време со помалку облаци и ветер, а трендот на постепено зголемување на температурите на воздухот ќе продолжи и во текот на целиот месец, но и понатаму ќе има периоди со променливи временски услови, вообичаени за април, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Во периодот од 4 до 10 април, времето веројатно ќе биде потопло од просечното за овој период. Снежната покривка во западните планински области во Македонија и температурните контрасти не ја исклучуваат можноста за повремени локални влијанија на времето со појава на облаци, ветер и врнежи.Затоплувањето во почетокот на април во комбинација со топењето на снегот и евентуалните врнежи можат да предизвикаат и локални излевања на реките во западна Македонија, велат од УХМР.Анализите на експертите по метеорологија покажуваат дека од крајот на април кон мај ќе продолжи трендот на пораст на дневните температури, т.е. сонце во комбинација со можна попладневна атмосферска нестабилност и влажни процеси во атмосферата, посебно во текот на мај.Во првата половина на летото се предвидува поголемо влијание на суптропскиот појас на висок притисок и циклуси со поинтензивна топлина во јужна Италија и во јужниот дел на Балканот.Деталната анализата на податоците од климатките модели, упатува на сосема мали разлики во однос на отстапувањата на температурите и врнежите за претстојната сезона пролет­лето во однос на просечните, објаснуваат од УХМР.Според сезонските прогнози на Европскиот центар, отстапувањата на просечните температури во приземниот слој на атмосферата и на планините, во претстојната сезона пролет­лето би биле повисоки за околу 0.5­1.0 °C. Во првиот тримесечен период април­мај­јуни нема отстапување во однос на врнежите, додека во јули­август­септември се очекува околу 50 милиметри помала, вкупна сума на врнежи во однос на просечните за вој период.Според експертите од УХМР, во мај ситуацијата е малку поинаква, каде се предвидува сосема мало негативно отстапување на температурите. Во наредните месеци од јуни до септември истите би се движеле во рамките на климатскиот просек. Во однос на врнежите, не се предвидуваат отстапувања, додека во текот на мај можен е благ пораст на аномалијата на врнежите од климатскиот просек, информираат од УХМР.Јуни се очекува да биде посув, со дефицит на врнежи и отстапувања во границите од 0.2­ 0.6 милиметри. Сличен тренд како во јуни се предвидува и во јули додека додека август и септември би биле во границите на просечниот, велат експертите по метеорологија.Во однос на режимот на температурите се очекува позитивно отстапување во интервалот од 1­2 °C во април и мај, додека овој центар предвидува и повисоки температури во однос на климатскиот просек за 2­3 °C во текот на летото јуни и јули. Август ќе биде топол, но со поблаго позитивно отстапување на температурите, додека септември во рамките на просекот. Во поглед на аномалијата на врнежите изразена во проценти овде има поголема варијабилност, така што во пролетните месеци посебно во источните области на земјата постојат изгледи за позитивна аномалија на врнежите изразена во проценти од 0­ 25 %. Слична ситуација се очекува и во месеците јуни и јули, но веќе во наредните месеци август и септември се предвидува негативно процентуално отстапување на месечната сума на врнежи во однос на климатскиот просек, информираат од УХМР./крајмф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Македонија48 минути

Ахмети: Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер

Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански...

Топ3 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија3 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни се три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет3 часа

Комисија на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ја засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија4 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија4 часа

Пожарот кај Јасен сè уште е активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет15 часа

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ15 часа

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија17 часа

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет18 часа

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ21 час

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ22 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион23 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија23 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија23 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија24 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион1 ден

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија1 ден

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија1 ден

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...