Црна хроника
Приведен гевгеличанец по кого била распишана потерница од затворот „Идризово“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/idrizovo.jpg)
На булеварот Гевгелија во Гвгелија синоќа бил приведен 33-годишниот Ј. Г. од Гевгелија за кого била распишана централна потерница од затворот „Идризово“ во Скопје.
Ноќеска во 1.50 часот лицето било предадено во затворот „Идризово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Приведени двајца крадци од Тетово и тетовско, пронајдени повеќе украдени предмети
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/kradec-1.jpg)
Вчера во 14.00 часот, поради основано сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 23-годишниот З.Џ. од село Желино, тетовско и 47-годишниот А.А. од Тетово.
При претреси во нивните домови и помошни простории во село Желино, Тетово и во село Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино.
Предметите биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/droga-m.jpg)
Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од Скопје.
При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Се запалиле подруми од зграда во Аеродром, едно лице повредено
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/Pozarnikari-Skopje.jpg)
Денеска во 01.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а М.С. се здобил со повреда додека се симнувал по скалите од зградата и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на помош.
Извршен бил увид.