Европа
Најмалку двајца напаѓачи убиени во напад врз полициска станица во Русија

Во областа Ставропол во јужниот Северо-Кавкаски регион на Руската Федерација убиени се најмалку двајца милитанти кои се обиделе да ја нападнат тамошната полициска станица, соопшти во понеделникот регионалното министерство за внатрешни работи.
„Денеска беа ликвидирани двајца милитанти, кои се обидоа да извршат напад во полицискиот оддел во Новоселицк. Едниот е убиен при обидот да продре преку контролниот пункт, а вториот изврши самоубиствен бомбашки напад. Според првичните сознанија, нема повредени и загинати меѓу полициските службеници и цивилите“, се наведува во соопштението на министерството што го пренесуваат руските агенции и се додава дека во регионот е воведен режим на зголемена приправност од терористички напад.
Според други извештаи, пак, имало четворица напаѓачи и сите загинале. Тројца од нив извршиле самоубиствени бомбашки напади а еден бил ликвидиран од полицијата, изјавил за агенцијата ТАСС, неименуван безбедносен извор од регионот.
Друг извор рекол дека имало пет експлозии кои одекнале на влезот во полициската станица, но дека ситуацијата брзо била ставена под контрола.
Ова не прв напад врз полицијата во јужна Русија последниов период. На 29-ти март полициски конвој во доминантно муслиманската кавкаска република Дагестан налета на подметнати мини при што загина еден полицаец а двајца беа ранети. Одговорноста за овој напад ја преземаа екстремната сунитска организација Исламска држава.
Веќе следниот ден, исто така во Дагестан, возач за време на контрола на полициски пункт активирал експлозивна направа при што загина еден полицаец а друг беше ранет. И за овој напад одговорноста ја презема споменатата џихадистичка терористичка група. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.
For over three years now, almost throughout this entire war, our Coordination Headquarters has been working—all the services that bring prisoners home. We have already successfully brought back more than four thousand people—4306. And we will bring them all back.
Now, when… pic.twitter.com/qUEw3oEcWJ
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 21, 2025
„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.
Европа
Киев ги отфрли руските обвинувања за воени злосторства во Курск

Украина ги отфрли обвинувањата на Москва дека нејзините сили извршиле воени злосторства во руската област Курск, нарекувајќи ги „целосно неосновани“.
„Руските обвинувања за злосторства и насилство наводно извршени од Украина во регионот Курск се целосно неосновани“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхиј Тихи. „Украина секогаш се придржувала до меѓународното хуманитарно право, особено во однос на хуманиот третман на цивилите во конфликтните зони и не ги прекршила овие принципи“, додаде Тихи.
Тихи рече дека Москва „фабрикува докази“ за да може лажно да го обвини Киев, пренесува „Украинска правда“.
„Сето тоа е лага. Повеќето од локалното население и имотот во регионот Курск беа погодени токму од руските бомбардирања, вклучително и целните напади“, додаде тој.
Европа
Сателитски снимки: како изгледа клучната руска база пред и по украинскиот напад

Нови сателитски снимки од руската воздухопловна база Енгелс, која вчера беше погодена од украински беспилотни летала, се направени утрово, а на нив се гледаат кратери и уништени згради.
На снимките се споредува денешната ситуација со онаа од декември 2024 година. Фотографиите ги објави американската компанија Maxar Technologies.
new satellite imagery (from this morning) of Russia's Engles Air Base, which was hit by Ukrainian drones a day earlier. Craters and destroyed buildings are visible. Images 1-3 from March 21; Image 4 from Dec. 2024. 📸@Maxar pic.twitter.com/w4dXQCCgXA
— Mike Eckel (@Mike_Eckel) March 21, 2025
Руските градови Саратов и Енгелс синоќа беа мети на најтешкиот напад со беспилотни летала врз регионот Саратов од почетокот на војната, изјави вчера гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека на аеродромот избувнал пожар.