Регион
Ердоган: Повеќе не контактирам со Обама
Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, изјави во вторникот дека престанал да остварува телефонски разговори со американскиот претседател, Барак Обама, што укажува на сè поголемата тензија помеѓу официјална Анкара и Вашингтон поради конфликтот во Сирија и појасот Газа.
Властите во Анкара, кои отворено застанаа на страната на сириските бунтовници, а против претседателот Башар ал Асад, се почувствувале предадено откако Вашингтон одлучи да се откаже од воена интервенција против Дамаск во септември минатата година, пренесува агенцијата AFP.
„Претходно директно го барав на телефон. Бидејќи не можам да ги добијам очекуваните резултати кога станува збор за Сирија, сега меѓусебно разговараат нашите шефови на дипломатијата“, истакнал Ердоган доцна во понеделникот во интервју за телевизиската станица ATV.
„Со Бајден се слушам. И тој ѕвони кај мене и јас го повикувам“, нагласил Ердоган и додал дека „во тој процес очекува правда“.
„Не можам да сфатам дека така се однесува некој кој се залага за правда“, рекол турскиот премиер.
Последниот телефонски разговор Ердоган и Обама го оствариле на 20 февруари, по што Белата куќа објавила соопштение во кое турскиот премиер бил обвинет дека на јавноста погрешно и ја претставил содржината на разговорот.
Јазот помеѓу Турција и САД е сè поголем и затоа што Ердоган отворено ја критикувал офанзивата на Израел врз појасот Газа, па тури и го обвинил Тел Авив дека врши „државен тероризам и геноцид“ над Палестинците, а Белата куќа ја критикувал затоа што ги брани „диспропорционално силните мерки“ на Израел./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

