Црна хроника
Запленети 21 кг хероин на Прешево
На граничниот премин меѓу Србија и Македонија „Прешево“, ноќеска се запленети 21 килограм хероин, соопшти Управата за царина на Србија.
„Дрогата е откриена во резервната гума на џип, благодарение на мобилниот скенер со кој располага Управата на царината. Со него е откриено дека резервната гума е полна со мали пакетчиња“, информира царината“, пренесоа српските медиуми.
Вкупната количина дрога е 21 кг и 152 гр, спакувани во 39 пакетчиња.
Не се наведува кој е уапсен за шверц со дрога./крај/ртс/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промил алкохол во крвта
Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.

