Европа
Шеснаесетгодишен бегалец од Сирија осомничен за планирање напади
Сојузното државно обвинителство во Карлсруе, надлежно за внатрешната безбедност на Германија, разгледува дали во неговиот делокруг влегува случајот на 16-годишниот сириски бегалец кој е уапсен во Келн под сомневање дека планирал терористички напад, објавено е во четвртокот.
„Во постојан контакт сме со властите во Келн за да утврдиме дали кривичното дело за кое уапсениот се товари е во нашата надлежност“, соопшти Сојузното државно обвинителство во чијашто надлежност се сите терористички дела во Германија.
Полицијата во Келн, којашто момчето го привела во вторникот, и натаму тргнува од тоа дека младиот бегалец од Сирија подготвувал бомбашки напад.
„Уапсениот имал контакти со лица во странство кои се припишуваат на кругови на Исламската држава“, се наведува во соопштението на полицијата. Исто така, по анализата на интернет комуникацијата на уапсениот утврдена е „недвосмислена намера“ за извршување терористички напад.
„Од контактирано лице во странство, осомничениот примил прецизни упатства за составување експлозивна направа“, се заклучува во соопштението на полицијата на Келн.
Истовремено, демантирани се пишувањата на некои медиуми, според коишто осомничениот имал конкретни цели за напад.
Шеснаесетгодишниот сириски бегалец заедно со родителите на почетокот од годинава пристигнал во Германија и бил сместен во еден од центрите за прифаќање на барателите на азил во Келн.
Властите започнале да го следат младиот бегалец по анонимна дојава од џамијата во којашто редовно одел, бидејќи на другите членови на заедницата им била загрижувачка „ненадејното радикализирање“ на младиот верник.
На мобилниот телефон на осомничениот се пронајдени и повици од „лица од странство“ кои младиот Сириец се обидувале да го натераат да отпатува во „Палестина и Сирија“ за да се бори на страната на Исламската држава.
Ви јули во германската сојузна покраина Баварија се изведени два терористички напада кои ги изведоа млади бегалци во контакт со џихадистичката групација, ткн Исламската држава./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван „инфраструктурен објект“ е погоден на една локација надвор од Киев, а „приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар“ на друга, соопшти регионалната администрација, додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 „нападни воздушни средства“ – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети Кх-59/Кх-69 и 35 дронови.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.