Европа
Орбан бегалците би ги однел на остров
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој има цврсти ставови во борбата против имиграцијата, во четвртокот сугерираше дека Европската унија би требало „на остров“ да ги смести повеќе од милион луѓе кои пристигнале во текот на миграциската криза минатата и оваа година.
„Сите коишто стигнале илегално би требало да бидат вратени назад. Не во други земји од Европската унија, туку на места надвор од неа“, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор за порталот Origo.
Забелешката на Орбан се однесува на сите оние кои уште чекаат на одобрување на нивното барање за азил, што е големо мнозинство од мигрантите кои дојдоа во ЕУ изминатата година и пол.
„Дотогаш би требало да бидат држени во големи кампови надвор од ЕУ. Би можело тоа да биде голем остров или дел од северноафриканскиот брег“, додава Орбан кој минатата година со своите ставови се наметна како предводник на фронтот на европските земји коишто се противат на имиграцијата во рамките не ЕУ./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван „инфраструктурен објект“ е погоден на една локација надвор од Киев, а „приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар“ на друга, соопшти регионалната администрација, додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 „нападни воздушни средства“ – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети Кх-59/Кх-69 и 35 дронови.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.