Црна хроника
Фалсификувале италијански изводи за да стигнат до македонски пасоши
Шест лица од Скопје и едно од Прилеп се осомничени дека изготвиле фалсификувани италијански изводи кои потоа ги искористиле за издавање на пасоши на четири деца, соопшти Министерството за внатрешни работи.
М.В. (25), А.А. (30), Ф.Љ. (31), Д.С. (30), Е.А. (30), М.И. (30) сите од Скопје и Џ.У. (27) од Прилеп во периодот од 2010 до 2013 година, изготвувале фалсификувани италијански изводи од матична книга на родени наводно издадени од Матична служба во Фоџа, Италија, на име на В.С., А.А., В.А. и Љ.Р., во кои внеле лажни податоци, а со намера да овозможат четири деца да бидат впишани во матична книга на родени во Р. Македонија кои што до тогаш не биле впишани во матичната евиденција.
По барање на македонската полиција, Интерпол Рим утврдило дека во канцеларијата за матично работење на град Фоџа во службените книги не евидентираат уписи во матичните книги за наведените лица, односно дека истите се фалсификувани.
Фалсификуваните италијански изводи откако ги превеле на македонски јазик кај овластен судски преведувач во Скопје и ги завериле кај нотар, ги употребиле како вистинити приложувајки ги кон молбите доставени до Матичната канцеларија Шуто Оризари во Скопје за дополнителни уписи на четирите деца, кон кои молби поднеле копии од нивните ИМКР, лични карти и пасоши.
Пријавените ваквите изводи, иако знаеле дека се со невистинити податоци, ги употребиле како вистинити поднесувајќи ги пред службените лица од МВР-Сектор за управни работи кон барањата за издавање на пасоши на име на децата, каде пријавените се потпишале во рубриката „согласност од родителите”.
Полицијата поднесе кривични пријави против осуммината осомничени заради постоење на основано сомнение дека сториле четири кривични дела – „фалсификување исправа” предвидено и казниво по чл. 378 од КЗ на РМ.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

