Црна хроника
Ограбени бензинска, киоск, стан и куќа во Скопје

Два вооружени грабежа на бензинска пумпа и киоск, како и две кражби во стан и куќа се случиле во Скопје во понеделник и вторник (23-ти и 24-ти јуни), соопшти Министерството за внатрешни работи.
Грабежот на бензинската пумпа „Арена Петрол“ на булеварот „Македонско косовска бригада“ во населба Бутел се случил вчера во 22,45 часот. Двајца маскирани разбојници од кои едниот вооружен со пиштол дошле на бензинската, им се заканиле на вработените и одзеле од нив околу 75.000 денари.
Неколку часа подоцна, поточно околу еден часот по полноќ се случил вооружен грабеж во киоскот „Есктра Кофи Тобако“ на улицата „Филип Втори“, во близина на Градскиот трговски цента во центарот на градот. Разбојникот и се заканил на вработената со пиштол и украл од касата околу пет илјади денари.
Покрај ова, во текот на вчерашниот ден биле ограбени и стан и куќа во Скопје, во населбата Бутел. Непознат сторител провалил во куќа на улицата „Македонско косовска бригада“ во Бутел, сопственост на А.С. (44), од каде што украл разен златен накит и мобилен телефон во вкупна вредност од околу 450.000 денари.
Втората кражба се случила во стан на улицата „Гоце Стојчевски“, сопственост на С.И. (39), од каде што крадецот зел околу 5.000 евра, 24.000 денари и разновиден златен накит со што причинил материјална штета од околу 400.000 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.