Црна хроника
Ќе се прави дополнително вештачење за случајот „Змиско око“
Судијата во случајот „Змиско око“ побара да се направи дополнително вештачење во однос на штетата за случајот, по препорака на Апелацискиот суд, кој еднаш веќе ја укина пресудата за овој случај.
Судењето во вторник се одложи бидејќи тројца од 72 обвинети не дојдоа на судењето, па судијката нареди за наредното судско рочиште да бидат стражарно приведени. Вештачењето е закажано за на 26 февруари, а судењето е одложено за на 2 април.
Во акцијата Змиско око во 2007 година беа приведени 72 вработени во Македонија пат под сомнение дека проневериле милиони евра.
Кривичниот суд донесе пресуда и само 13 лица ги осуди на затворски казни. Потоа Апелација ја укина пресудата. Во повтореното судење досега прочитан е само обвинителниот акт./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

