Црна хроника
Бројот, видот и достапностa на дрогите во Европа на историско ниво
Бројот, видот, достапноста на новите дроги и нивната употреба во Европа во минатата 2012 година била во постојан пораст и достигнала историско ниво се наведува во последниот извештај на Европол и Европскиот центар за надзор на наркотиците и зависностите (EMCDDA – OEDT).
Употребата на незаконски наркотици останува историски висока во Европа, којашто треба да се справи со овие нови синтетичките продукти, коишто се сé помногубројни и со нов начин на употреби, предупредуваат од OEDT.
Иако употребата на кокаин и канабис покажуваат знаци на намалување, како и бројот на нови корисници на хероин и прибегнувањето кон инјекции, центарот за мониторинг со седиште во португалската престолнина Лисабон нагласува дека 85 милиони возрасни Европејци користеле дроги во текот на својот живот.
Центарот изразува загриженост и во врска со фактот дека околу три милиони Европејци секојднево консумираат канабис и подвлекува и нагласуваат дека бројот на корисниците, коишто се на лекување по првпат поради проблеми поврзани со употребата на канабисот, се зголемила за една третина во периодот меѓу 2006 и 2011 година.
Од OЕDT наведуваат дека пазарот на наркотици „кој сé повеќе се менува“ е „пофлексибилен и динамичен“. „И покрај знаците на тенденцијата на намалување во некои земји канабисот станува најупотребуваниот наркотик во Европа со „раширен и релативно солиден пазар“, на кој растението канабис зема се поголемо место за екстрактот, увезувано претежно од Мароко.
Речиси сите европски земји веќе објавија за сопствено производство на споменатиот продукт (за лична употреба или за производство на друга за пазарот на фарми коишто ги контролира мафијата).
Втората промена е појавата, од неодамна на широк спектар синтетички производи „аналогни на канабисот“, коишто можат да бидат „исклучително силни“ и коишто можат да се најдат „во речиси сите европски земји“.
Отворениот пазар на новите дроги се развил под влијанието на глобализацијата, технолошкиот напредок и интернетот, се наведува во посебниот дел посветен на оваа проблематика на Европскиот центар за мониторинг на дрогите и зависностите, во кој се заклучува дека растот на илегалниот пазар на новите дроги претставува и значителен предизвик за јавното здравство и за спроведувањето на законот.
До пред десетина години повеќето нови психоактивни супстанции кои се појавиле во Европа се произведени во „подземни“ лаборатории или доаѓале од медицинските резерви и директно биле продавани на илегалниот пазар. Иако таквиот начин на препродажба и натаму постои, илегалното препродавање се зголемува поради продажбата преку интернет и во специјализирани продавници во урбаните области.
Повеќето нови нелегални супстанции се произведуваат во Кина и во Индија, а во Европа дополнително се обработуваат, пакуваа и продаваат. Исто така, често завршуваат „на улица“ каде што се препродаваат како замена за амфетамините, екстази , кокаин или хероин.
Вкупно во Европа, Европскиот систем за рано предупредување регистрирал 73 нови психоактивни синтетички супстанции, кои се продаваат и преки интернет. Во 2011 година такви имало 49, во 2010-та 41 а во 2009 година – 24 вида дроги.
На минатогодишниот список доминираат дури 30 синтетички канабиноиди кои ги предизвикуваат ефектите од употребата на канабисот. Посебно се одбележуваат и два илегални синтетички стимуланси – 4-MA и 5-IT со халуциногени дејствија кои во државите на Европската унија се поврзуваат со повеќе од 40 смртни случаи.
Меѓу новите наркотици 19 биле хемиски продукти, кои се „малку познати или нејасни“, а 14 биле нови синтетички стимуланси слични на амфетамините и екстазито, коишто до извесно ниво му конкурираат на кокаинот
Од Европол истакнуваа т дека појавувањето на новите дроги е признато како глобален проблем кој тешко се контролира, како и дека организираниот криминал вклучен во производството на новите дроги забрзано се развива и го шири своите пазари .
И покрај тоа што употребата на хероинот продолжува да се намалува во повеќето европски земји, како и инјектирањето на наркотиците, Центарот нагласува дека, како и претходната година „нови жаришта на заразата со ХИВ се Грција и Романија“ и повикува на обезбедување на „соодветните услуги во областа на намалувањето на ризиците“ .
Во извештајот се истакнува и дека „скриената епидемија“ на хепатитот Ц, вклучително и и неговото пренесување преку размена на шприцови, не се сфаќа доволно сериозно од властите. Иако потрошувачката и заплените на кокаин се во пад во повеќето европски земји, информациите за акутни и хронични проблеми поврзани со кокаинот продолжуваат, истакнуваат од OEDT. Според извештајот, најмалку 475 луѓе починале во текот на 2011 година како последица на проблеми поврзани со овој вид дрога.
Во 2011 година биле регистрирани 6.500 смртни случаи од предозирање во однос на седум илјади такви случаи во 2010 година и 7.700 предозирања со фателен исход во 2008 година, а во повеќето случаи е забележано употреба на опијати во комбинација со други супстанции, како на пример алкохолот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Топ
Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга
Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.
Црна хроника
Полиција приведе жена, пијана туркала предмети на бензинска
Полиција приведе жена која туркала предмети на бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе била поднесена соодветна пријава.

