Контакт

Надворешна политика

А.Цимпирис: Името само посебе не е важно, но сепак е поврзано со идентитетот!

Објавено пред

Името на земјата, самото посебе не е важно, но тоа е поврзано со историјата, со симболите, со идентитетот, со емоциите…. Токму затоа е толку тешко да се реши спорот меѓу Грција и Македонија, вели во интервјуто за програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце грчкиот професор Аристотелис Цампарис, поранешен член на групата Елиамеп автор на спорот околу името на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Притоа Цампарис додава: „Пред сé, треба да кажам дека сé уште преговараме околу ова прашање, затоа што постои меѓународно име кое се користи во сите меѓународни организации. Така, не станува збор за прашање кое е лесно разрешливо, немаше да има потреба за разговори и преговори, меѓутоа треба да сфатиме дека честопати во животот се случуваат такви нешта.Во случајот со името, тоа оживотворува, опфаќа и сиболизира многу повеќе. Така што не се работи, според мене, само за името, туку и за она што тоа го симболизира. И причината зошто е толку тешко да се постигне решение, е затоа што името стои за толкување на историјата, тука е за толкување и развивање на симболите и се однесува на разбирање и толкување на емоциите. Многу емотивно е прашањето, и не се работи само за името. Можевме да измислиме некое сосема поинакво, меѓутоа тоа симболизира историја. И во оваа смисла, логично е неговото нерешавање, зашто симболите, емоциите, историјата и идентитетот се работи за коишто се бориме во животот. Тоа се работи коишто имаат особено значење за животот на луѓето“, истакнува атинскиот професор.

Поранешниот соработник на грчкиот ментор и автор на спорот со името Евангелос Кофос, околу посетата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на Атина, и неговата изјава дека пред спорот за името меѓу двете држави стојат „високи планини“, оценува дека „географијата меѓу наште две земји потврдува дека двете земји се осудени да живеат една до друга“.

„Значи, нашите два народа, всушност, мора да живеат еден до друг. Во овој контекст, не можеме да продолжиме без да имаме контакти. Можеме да не се согласуваме, меѓутоа моето мислење е дека мора да разговараме. Ова се подразбира самото посебе, значи дијалог не само меѓу професорите и новинарите, туку и на највискоките нивоа на власта. Ваквите дијалози може да бидат само полезни.Географијата значи дека се соочуваме со заеднички предизвици, заеднички проблеми. Поентата е овде дека треба да разговараме меѓусебно. И во ова смисла, средбата меѓу двајцата министри за надворешни работи е позитивна. Таа е добра, тоа е добро нешто коешто треба да се случува почесто. И дозволете ми да додадам дека ова е продолжување, или возвратна посета, на министерот Коцијас,од пред неколку месеци во Скопје.Треттата работа, е опсервацијата на министерот, кога станува збор за прашањето околу името, дека имаме цела планина да искачиме. Мислам дека тоа е исправно. Но, исто така, сакам да додадам дека се качуваме по оваа планина веќе 24 години. Во еден момент треба да стигнеме до врвот на планината и треба да продложиме….“, порачува Цампирис.

Натаму во интервјуто за „Гласот на народот“, не откажа да одговори и на прашањето „Зошто Грција се обидува,да ја исклучи Македонија од нејзиното место од Европа, во ЕУ и во НАТО, и да ја третира како, второ класна држава?“, Односно дали Атина има намера, да ја види Македонија како пропаѓа како држава и повторно биде преземена од Србија. Дали тоа нема да придонесе кон стабилноста на Балканот и безбедноста на Грција?“

„Ова е добро прашање. Пред сé, да истакнеме дека овде зборувам како професор. Од 1991 година грчката надворешна политика имаше спор околу прашањето за името. Меѓутоа во Атина се многу комотни, и всушност сакаат да видат постоење на држава кон нашиот северен сосед во целосна смисла на зборот. Оваа не е реторички. Меѓутоа, во 2001 година, кога имаше вистинска етничка криза, Грција ја поддржа Македонија во територијалниот интегритет, така што настрана, постои спорот за прашањето околу името, а од друга страна има докажана волја,желба да се сочува територијалниот интегритет на оваа земја. Повторно ќе кажам – ова не се само зборови, туку се дела“, потсетува грчкиот професор.

Според Цампирис, прашањето околу името, повеќе или помалку, има вистински последици. „Тоа е камен на сопнување за вашата земја и пристапувањето кон евроатланските интерграции, и се измени и се префрли на прашања под насловот ‘добрососедски односи’. Значи, овие работи се влошија и мислам дека причината зошто имаме вакви средби и вакви интервјуа, се всушност мерки за градење доверба затоа што постои сé поголемо сфаќање, дека постои заеднички интерес меѓу нашите земји и меѓу сите земји на Европскат унија, меѓу сите балкански земји, да се разреши прашањето околу името, и да се поодобрат соседските однсои и да се продолжи натаму кон пристапувањето во евроатланскте интерграции. Тоа не е лесно, меѓутоа тоа е јасната патека која треба да ја следиме но мислам дека е остраврилава“, нагласува тој.

Со Цампрас, меѓу другото, беше разговарано и за инсистирањето на Атина, Македонија да прифати ново име, што според него не е добро за преговорите, но сепак подобро од статус-кво позицијата.

Грција имаше 23 години да размисли за ова и мора да знае кое е вистинското решение кое ќе одговори на потребите на Грција, со што ќе се почитува дигнитетот на Македонија. Инаку остатокот од светот ќе мисли дека единствениот интерес на Грција е да го извади од ова прашање идентитетот за да нема политичко решение кое ќе биде срамно за грчката влада, констатираше водителот Томиќ, на што професор Цампирис одговори дека „Меѓу 1991 и 2007 година грчкиот став беше дека не треба зборот Македонија да биде дел од името на нашите соседи. Тоа беше ставот на Грција, како што кажав меѓу 1991 и 2007–та. Меѓутоа оттогаш и денес, официјалниот грчки став е во полза на име со георграфска одредница или (ерга омнес), како официјален став. Со други зборови, како го толкувам јас тоа на пример ‘Северна Македонија’ или “Горна Македонија’ би бил еден од можните примери“.

„Дозволете ми, исто така да го кажам следното што е многу фрустрирачки. Ако го погледнете спорот што тече веќе многу години, размислете на кипарското прашање, на палестинското прашање, и за спорот околу името. Она што е фрустрирачки е дека сите вклучени во некакви преговори, горе долу, знаат кои се параметрите на каков и да е договор, И воопшто не е изненадува никого што ќе повлече договорот. Можеби малку овде, малку голем акцент е даден, меѓутоа, треба да се сфати дека проблемот не е да се изнајде како што треба да се најде решението, туку да се изнајде политичка волја, да се стигне до решението. Тоа е проблемот. И тоа претставува проблем, зашто е поврзан со идентитетот, симбилите. со историјата, со емоциите на луѓето, и со политиката, на којашто може да ѝ бидат потребни децении да го разреши тоа. Меѓутоа, сега се движиме кон поголем притисок кон постигнување договор.Тоа не се случи во минатото, не треба да бидеме оптимисти, но не треба ни да бидеме целсоно песимистични. Мислам дека,преговорите се одвиваа јасно, нема сомнеж околу тоа дека многу години течат. Знаеме какво би било решението и прашањето е дали постои политичка волја, на двете страни да се постигне договор“, смета Цампарис. Посочи на крајот дека, доколку евентуалниот договор предизвика славеничка атмосфера во Атина и пад на владата во Скопје, или обратно, тогаш станува збор за лош договор. „Добар договор е кога и двете страни нема да се спобудалат околу тоа. Значи, тоа е договор кој ќе опстои во текот на времето, а тоа е ште еден параметар на оваа прашање“, рече Аристотелис Цампарис./крај/мф/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 часа

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и...

Свет16 часа

Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на...

Топ17 часа

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало...

Култура19 часа

Почина Брижит Бардо

Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол,...

Македонија19 часа

СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош

Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат...

Свет21 час

Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат попладнево на Флорида за да разговараат за планот...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги објави документите или да одговори од каде 500 илјади долари за златна виза во Дубаи и инвестиции

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на...

Свет22 часа

Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида

Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп...

Македонија1 ден

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија1 ден

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија2 дена

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...

Свет2 дена

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални...

Регион2 дена

Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда

Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој...

Свет2 дена

Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев

Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ. „Вкупниот...

Свет2 дена

Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од...

Свет2 дена

Има повредени во рускиот напад врз Киев

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран...

Свет2 дена

(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор...

Македонија3 дена

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа3 дена

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...