Црна хроника
Разбојник украл „бмв“, па со боксирач ги нападнал полицајците што дошле да го апсат
Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 29-годишен скопјанец, кој најпрвин украл „бмв“, а потоа физички ги нападнал полицајците што реагирале во врска со кражбта.
Како што информираат од Обвинителството, разбојникот делата ги сторил на 21 јули кога забележал две лица, оштетениот и неговата сопруга, како го паркираат нивното возило „бмв Х5“ наспроти трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје по што го напуштиле пракингот.
Во тој момент обвинетиот со алат ја отклучил заклучената врата на возилото и заедно со уште едно, засега непознато, женско лице, го стартувал возилото и почнал да се движи.
Кога крадецот со автомобилот се приближил до првата крстосница, бил забележан од сопственикот на возилото. Оштетените почнале да трчаат по него, го престигнале и се обиделе да го сопрат арамијата. Но, и покрај обидите и вклученото црвено светло на семафорот, тој продолжил да вози.
По ова, оштетените го пријавиле настанот во полиција, па органите на редот почнале мерки за пронаоѓање на автомобилот.
Кога дознале дека обвинетиот заедно со украденото возило се наоѓа во населбата Маџари, двајца полицајци со службено возило „шкода јети“ и вклучени ротациски светла се упатиле кон него.
Го пресретнале и се обиделе да му го попречат движењето, го сопреле возилото и се обиделе да го извадат обвинетиот надвор. Притоа разбојникот најпрвин со „бмвто“ во движење удрил во полициското возило за потоа и физички со боксирач со бодеж да ги нападне двајцата полицајци и да им нанесе повреди.
Во акцијата за совладување на разбојникот се приклучил уште еден полицаец по што тој бил приведен со цел обезбедување на натамошниот тек на кривичната постапка.
Скопјанецот се товари дека сторил две кривични дела – тешка кражба и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Надлежен јавен обвинител до судот поднел посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

