Црна хроника
Двајца разбојници со пиштол ограбиле обложувачница, едниот е во бегство
Скопското Основното јавно обвинителство донесе наредба за истрага против две лица што извршиле вооружен грабеж во скопска обложувачница.
Како што информираат од Обвинителството, осомничените, по претходен договор, на 9 октомври влегле во спортска обложувачница на скопката улица Зеничка и со пиштол се заканиле за животот на една вработена.
Еден од осомничените, кој го држел пиштолот, побарал од оштетената да каже каде се парите и ја турнал до ѕидот, а другиот разбојник се упатил кон работниот пулт и од една од фиоките одзел 188.460 денари (околу 3 илјади евра).
Двете лица се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво.
За еден од разбојниците доставен е предлог за определување мерка притовр, а вториот до овој момент не е обезбеден од страна на полицијата и за него е распишан централен распис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.