Македонија
(Видео) Заев: Четири месеци се обидував да договорам средба со Макрон
Четири месеци се обидувавме да договориме средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, на која би се изнеле ставови за европската иднина на земјата, но не успевме да ја договориме, рече премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека и покрај блокадата за добивање датум за преговори, на Франција не треба да се гледа како на држава непријател.
„Четири месеци баравме средба со претседателот Макрон, но не ја добивме. Лобиравме и преку амбасадата, преку дипломатски врски, но немавме одговор до денес. Да, точно ми се јавија претседстели на скоро сите европски држави да ми дадат поддршка по состанокот од Брисел, но со Макрон не сум се слушнал. И покрај тоа, тој си има свое гледање и објаснување зошто не го смени ставот и порачувам дека не треба да гледаме непријател во Франција“, рече Заев.
Тој кажа дека имало сигнали од Брисел дека Франција би можела да нè блокира, но до последен момент се надевал на позитивна одлука.
„Да точно е имавме најава, Европа е транспарентна и нема тука скриени игри. Но, сепак постоеше надеж дека Франција ќе го омекне ставот и ќе ги почнеме преговорите. Јас буквално ги молев во Брисел да ѝ дадат шанса на земјава, да останеме на мотивацискиот пат, да не се соочиме со оваа разочараност и горчина. Но и Франција поради свои гледања си има свое оправдување. Имаше предлог од Финска да добиеме датум, но подоцна да почнеме да преговараме, но и таа опција не се прифати. Јас искрено се надевам дека ЕУ ќе ги надмине овие свои внатрешни проблеми и ќе бидеме дел од таа приказна, затоа што заслужуваме“, рече Заев.
Премиерот кажа дека Франција цело време го охрабрувала Преспанскиот договор што според него влевало надеж дека ќе ја добие поддршката.
Тој не одговори конкретно дали има некаква позадина што Северна Македонија и Албанија биле заедно на агендата за датум за отпочнување преговори.
Инаку, Макрон најави дека наскоро планира да ги посети Северна Македонија и Албанија и да се сретне со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин
Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.
Собраќајот е во прекин.
Македонија
„10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС, граѓаните избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 советници. ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе од минатите избори, додека СДС изгуби 111.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби 11 повеќе градоначалници во првиот круг, а СДС изгуби 6. Соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДС по првиот круг е 10 спрема 1. Граѓаните направија вистински избор, избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност.
Во вториот круг на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ е асполутен фаворит во сите 26 општини. Затоа, ги повикуваме граѓаните, во вториот круг да го дадат својот глас на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и масовно да го заокружат бројот 9.
Да ја запечатиме победата и да го направиме вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.

