Европа
Над 160.000 лица влегле во Европа преку Медитеранот
Рекордни 165.000 лица минале оваа година преку Медитеранот за да влезат во Европа, што е два ипол пати повеќе во споредба со минатата година, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци, оценувајќи го ваквото зголемување како алармантно.
Во соопштението се додава дека за целата мината година имало околу 60.000 преминувања.
УНХЦР е особено загрижен бидејќи мигратните, воглавно од Африка и од Блискиот исток ги ризикуват своите животи, а до сега оваа година загинале околу 3.000 лица во обид преку Средоземното море да пристигнат до Европа.
Се поголем број на луѓе бегаат од војна и од прогон, а од 1 јули над половината мигранти се од Сирија и од Еритреја.
УНХЦР побара поголема помош во спасувањето на мигрантите во морето.
„Доколку Европа не успее со овие напори, ушто мнгу животи ќе бидат изгубени“, порача УНХЦР. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки
Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски објекти низ Русија, објавија руските канали на Телеграм, а напиша и „Киев Индепендент“.
Украинската војска сè уште не го коментирала нападот, а „Киев Индепендент“ не можел независно да ги потврди обвинувањата.
Напад врз клучна рафинерија
Локалните жители пријавиле штета и објавиле фотографии и видеа на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи воздушна одбрана во акција.
Иако пожарот не бил веднаш забележан, на ноќното небо биле видени моќни блесоци во правец на рафинеријата. Рафинеријата, управувана од Лукоил, се наоѓа на околу 450 километри од линијата на фронтот и игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската војска.
Drones hit the Lukoil oil refinery in Volgograd
An ammunition depot in the occupied Donetsk region and one of Russia’s largest power plants — the Kostroma GRES — were also attacked. pic.twitter.com/fbuRhLf1e2
— NEXTA (@nexta_tv) November 6, 2025
Фабриката и претходно беше цел на украински напади, принудувајќи ја да го запре производството барем еднаш.
Загинати цивили, оштетени куќи
Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, објави дека во нападот се оштетени една станбена зграда и неколку куќи, како и дека едно лице е убиено.
„Цивил, 48-годишен маж, починал од шрапнели од гранатирање“, објави тој на Телеграм. Бочаров, исто така, потврди дека избувнал пожар во индустриска зона во Красноармејскиот округ во Волгоградската област.
The Lukoil refinery in Volgograd, russia and an oil depot in Simferopol, occupied Crimea also got a visit from good Ukrainian drones. pic.twitter.com/BSNjXLGV1O
— Kvist (@kvistp) November 6, 2025
Во исто време, експлозии одекнаа и во термоцентралата во Волгореченск во регионот Кострома, која се наоѓа на околу 740 километри од украинската граница и североисточно од Москва.
Во окупираниот Крим, беше погодено складиште за нафта во градот Битумне во близина на Симферопол, објави каналот на Телеграм „Кримски ветер“.
Европа
Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“
Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и предизвикаа сериозни безбедносни загрижености.
Летовите на најпрометниот белгиски аеродром во Брисел, беа прекинати со часови во вторник вечерта, а дронови беа забележани и над неколку воени бази, што доведе до откажување на десетици летови и доцнење на стотици патници, објавува „Гардијан“.
Суспензијата на дојдовните и појдовните летови во вторник вечерта резултираше со 95 откажувања на аеродромот во Брисел, а портпаролот потврди дека помеѓу 400 и 500 луѓе ја поминале ноќта на терминалите.
Патниците беа предупредени за можни доцнења во среда бидејќи многу авиони беа заглавени на погрешни локации. Воздушниот простор беше затворен и над аеродромот во Лиеж, голем европски товарен центар, што предизвика дополнителни откажувања и пренасочувања.
Во исто време, градоначалникот на фламанскиот град Дист објави дека полицијата и војниците забележале четири дрона во близина на воената воздухопловна база Шафен. Инцидентите се случија откако белгиските власти веќе започнаа истрага за видувања на дронови над неколку воени бази во текот на викендот, вклучувајќи го и Клајне-Брогел, дом на белгиски борбени авиони Ф-16 и за кој се верува дека складира американско нуклеарно оружје.
Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, изјави пред парламентарната комисија дека инцидентите се чини дека се координирани со цел да се предизвикаат нарушувања.
фото: принтскрин
Европа
Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон
Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата.
Аеродромот беше затворен од 22:00 до 22:45 часот откако пилот пријавил дека го видел дронот, изјави портпаролот на полицијата за ДПА.
Според првичните извештаи, дронот летал над блиската индустриска зона, а три авиони биле пренасочени. Другите успеале да слетаат и полетаат, но со мали доцнења.
Еден од пренасочените авиони требало да пристигне од Франкфурт, но бил пренасочен кон Хамбург, објави дпа.
Дроновите во последните денови постојано го прекинуваат воздушниот сообраќај во други делови од Германија.
Во недела, летовите на аеродромот во Бремен беа прекинати речиси еден час поради видување дрон, додека во петокот вечерта, аеродромот Берлин Бранденбург беше затворен околу два часа од истата причина.
Дроновите претставуваат сериозен безбедносен ризик во близина на аеродромите бидејќи можат да ги попречат полетувањата и слетувањата на авионите.
Според дпа, германската контрола на воздушниот сообраќај регистрирала неколку инциденти со дронови на аеродромите во Бремен и Хановер оваа година.
фото: принтскрин

